Хенри Пул & Др

(Пренасочено од Хенри Пул и Др)

Хенри Пул & Др (англ. Henry Poole & Co) е кројач по мерка за мажи на улица Севил Роу бр. 15 во Лондон. Познати се како 'Основачите на Севил Роу' како и изумителите на смокингот. Фирмата е во семејна сопственост од нејзиното основање во 1806. Најпрвин биле сместени во Бранзвик Сквер и специјалност им била воено кројаштво, во кое посебно се истакнале за времето на Битката кај Ватерло. во 1846 се преселиле во Севил Роу по смртта на основачот Џејмс Пул.

Хенри Пул & Др
Henry Poole & Co.
ТипПриватна
OснованаЛондон, Англија (1806)
СедиштеОбединето Кралство Лондон, Англија
Клучни личностиЏејмс Пул, основач
Енгус Канди, сопственик
Сајмон канди, директор
ДејностМалопродажба
ПроизводиОблека, Мода
Порталwww.henrypoole.com
Продавницата на Хенри Пул на Севил Роу, Лондон

Хенри Пул управувал со фирмата до неговата смрт во 1876, и бил наследен од неговиот братучед Семјуел Кандли, кого го наследиле неколку генерации до денешните сопственици Енгус Кандли and и син му Сајмон. Во текот на изминатите два века овие кројачи уживале огромен успех и проживеале низ тешки маки, преживувајќи до ден денес за да ја симболираат изврсноста на кројаштвото по мера. Фирмата сѐ уште држи огромен број на Кралски Повластици и го опслужува службата на Лордот-коморник со дворски костуми. Одделот за ливерии дури направил и униформи за 200 годишнината од Битката кај Трафалгар. Фирмата е и изумител на смокингот (tuxedo)

Фирмата врши редовни посети на континентална Европа, САД и други места, во чии рамки спаѓаат и продавниците на Хенри Пул во Јапонија и Кина. Во 2006 фирмата ја прославила својата двестегодишнина со обновување на просториите, а во 2007 решено е повторно да се нуди штофот прославен од страна на Винстон Черчил, кој го порачал својот прв костум од кај нив пред 100 години.

СмокингУреди

Во 1860 направиле кратко вечерно или пушачко палто за Принцот од Велс, кое тој го носел на неформални вечери во Сендригем. во 1886, извесен Г-дин Џејмс Потер од Таксидо Парк, Њујорк го посетил Лондон, па потоа бил поканет од Принцот од Велс да проведе викенд во Сендригем. Таму разбрал дека и тој може да добие такво палто ако отиде кај кројачите на прицот, Хенри Пул & Др.

Кога се вратил во Њујорк, Потер гордо го носел своето палто во Клубот Таксидо Парк, па така другите членови почнале да нарачуваат такви за себе до таа мера што пва палто станало неформална клубска униформа за „машки“ вечери. Како резултат на ова, палтото во Америка почнало да се нарекува Таксидо или само Такс.

Кралски ПовалстициУреди

  • НЦВ Царот Наполеон III 1858
  • НКВ Принцот од Велс 1863
  • НКВ Војводата од Единбург 1868
  • НКВ Принцот-престолонаследник на Прусија 1868
  • НВ Кралицата Викторија 1869
  • НВ Кралот на Белгијците 1869
  • НКВ Принциот-престолонаследник на Данска 1869
  • НКВ Принцот од Тек 1870
  • НКВ Принц Кристијан од Шлезвиг-Холсштајн 1870
  • Хедивот на Египет 1870
  • НКВ Принц Оскар оид Шведска и Норвешка 1871
  • НВ Кралот Амадео I на Шпанија 1871
  • НКВ Принцот Луј од Хесен 1871
  • НКВ Принцот-престолонаследник на Русија 1874
  • НЦВ Царот Педро II на Бразил 1874
  • НЦВ Царот Александар II на Русија 1875
  • НВ Кралот на Хелените 1877
  • НКВ Принцот-престолонаследник на Австрија 1878
  • НВ Кралот Умберто I на Италија 1879
  • НЦВ Кајзерот Вилхелм I на Германија

  • НЦВ Царот Александар III на Русија 1881
  • НМ Војводата од Џенова 1891
  • НМ Фридрих, Великиот војвода од Баден 1891
  • НМ Војводата од Аоста 1892
  • НКВ Прицот Емануел од Савоја 1892
  • НЦВ Шахот на Персија
  • НВ Кралот на Данска 1893
  • НВ Кралот Едвард VII 1902
  • НКВ Принцот Албрехт од Прусија 1903
  • НВ Махараџата Гаеквар од Барода 1905
  • НЦВ Шахот на Персија 1906
  • Хедивот на Египет 1910
  • НВ Кралицата Александра 1911
  • НКВ Принцот од Велс 1922
  • Царското семејство на Јапонија 1923
  • НВ Кралот Џорџ V 1928
  • НВ Кралот на Бугарите 1936
  • НВ Кралот Џорџ VI 1940
  • НЦВ Царот Халие Селасие 1959
  • НВ Кралицата Елизабета II 1976

Надворешни врскиУреди

Координати: 51°30′40.09″N 0°8′25.9″W / 51.5111361° N; 0.140528° W / 51.5111361; -0.140528