Вестминстер (град)
Град Вестминстер (англ. City of Westminster) е околија (borough) во Лондон, Англија со статус на град. Се наоѓа западно од Сити и северно од реката Темза, и обликува дел од Потесен Лондон и најголем дел од лондонското централно подрачје.
Град Вестминстер City of Westminster | |
Прикажано во рамките на Голем Лондон | |
Географија | |
---|---|
Статус | Лондонска околија Град (1540) |
Површина — Вкупна |
Рангиран 346ти 21.48 km² |
ОНС код | 00BK |
Административно седиште | Викторија |
Демографија | |
Население — Вкупно (2006) — Густина |
Рангиран 47ми (од 354) 231,900 10.796 / km² |
Народност | 73.2% белци 48.5% бели британци 3.7% ирци 21.0% сите други бели 8.9% јужноазици 7.4% афрокарипци 2.2% кинези |
Политика | |
Управа | Водач & Кабинет |
Градоначалник | Сов. Керолин Кин |
Извршна | Конзервативец |
Парламентарци | Карен Бак (Лаб.) Марк Филд (Конз.) |
Грб | |
Портал | http://www.westminster.gov.uk/ |
Во градот спаѓа речиси сет лондонски Западен Крај и седиштето на владата на Обединетото Кралство, со Вестминстерската палата, Бакингемска палата, Вајтхол и Кралските Судови.
Во 1965 оваа околија била создадена од некогашниот региони Метрополска околија Св. Мерилебон, Метрополитенска околија Падингтон и помалиот Град Вестминстер. Покрива многу поголем простор од првичниот Вестминстер.
Демографија
уредиОколијата брои 198,779 жители, но некои проценки велат 220,000. 73% од населението е бело, 4% црни Африканци 3% индици. 35% од домаќинствата го поседуваат станот во кои живеат.
Политика
уредиГрадот се дели на 20 кварта.Советот е составен од 48 Конзервативци и 12 Лабуристи.
Окрузи
уредиГрадот Вестминбстер ги покрива следниве окрузи сосема или делумно:
Знаменитости
уредиВо Вестминстер се наоѓаат многу од лондонските атракции. Некои од нив се Бакингемската палата, Вестминстерската палата (Домови на Парламентот) и Големиот Бен и блиската Вестминстерска опатија.
Паркови и отворени места
уредиОвие се Грин Парк, Хајд Парк, Кензингтонски градини, Регентов Парк и Сент Џејмсес Парк,
Сообраќај
уредиМостови
уредиОвие се Челзиски мост, Катедрален мост, Хангерфордски мост, Гросвенорски мост, Ламбетски мост, Воксалски мост, Ватерлуски мост и Вестминстерски мост.
Главни железнички станици
уредиОвие се Черинг Крос, Мерилебон, Падингтон и Викторија.
Лондонско метро
уредиГрадот Весминстер го опслужуваат 27 метро станици, и 10 од 12 подземни линии (Источнолондонската линија и Ватерлу и Сити се исклучоци).
Универзитети
уреди- Капусот на Стренд на Кралевиот колеџ.
- Лондонска бизнис школа сместена во Регент Парк.
- Лондонска економска школа сместена во Алдвич.
- Кралска музичка академија сместена во Мерилебон Роуд.
- Вестминстерски универзитет сместен на три кампуса во околијата.
Галерија
уреди-
Хангерфордските мостови, поглед од север
-
Езерото во Сент Џејмсес Парк, поглед источно, со Лондонското Око во позадината
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Град Вестминстер (англиски)