Пат околу светот за 80 дена

„Пат околу светот за 80 дена“ (француски: Le tour du monde en quatre-vingts jours) е авантуристички роман од францускиот писател Жил Верн, првпат објавен во 1873 година.

Пат околу светот за 80 дена
Cover of the first edition (1873)
Корицата од првото издание од 1873
АвторЖил Верн
Изворен насловLe tour du monde en quatre-vingts jours
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
ЖанрАвантуристички роман
Издадена
30 јануари 1873[1]
Published in English
1873

Структура уреди

Романот се состои од 37 глави:[2]

  1. Филеас Фог и Паспарту се прифаќаат заемно, едниот како господар, другиот како слуга
  2. Паспарту е убеден дека најпосле го нашол својот идеал
  3. Започнува разговор што може да го чини скапо Филеас Фог
  4. Филеас Фог го вчудовидува својот слуга Паспарту
  5. На лондонскиот пазар се појавува една нова вредност
  6. Агентот Фикс покажува сосема оправдана нестрпливост
  7. Уште еднаш се докажува бескорисноста на паспортите во полициската работа
  8. Паспарту зборува можеби малку повеќе отколку што би требало
  9. Црвено Море и Индискиот Океан покажуваат наклоност кон целите на Филеас Фог
  10. Паспарту е мошне среќен поради тоа што помина само со губење на чевлите
  11. Филеас Фог купува едно превозно средство по баснословна цена
  12. Филеас Фог и неговите сопатници се впуштаат во индискиет шуми, а потоа се случува нешто
  13. Паспарту уште еднаш докажува дека среќата им се насмевнува на храбрите
  14. Филеас Фог минува низ целата прекрасна долина на Ганг без и да помисли да ја погледне
  15. Торбата со банкноти олеснува за уште неколку илјади ливри
  16. Фикс изгледа како да не ги разбира работите за коишто му зборуваат
  17. Некои работи и уште некои други за време на патувањето од Сингапур за Хонгконг
  18. Филеас Фог, Паспарту и Фикс си одат секој по својата работа
  19. Паспарту премногу се интересира за својот господар, а потоа следува нешто друго
  20. Фикс се поврзува директно со Филеас Фог
  21. Газдата на Танкадера ризикува да ја загуби наградата од двесте ливри
  22. Паспарту сфаќа дека дури и на антиподите е мудро човек да има малку пари во џебот
  23. Носот на Паспарту се издолжува прекумерно
  24. Патувањето преку Тихиот Океан
  25. Краток опис на Сан Франциско на денот на еден митинг
  26. Патуваат со експресен воз на Пацифичката железничка линија
  27. Паспарту ја слуша историјата на морнарите при брзина од дваесет милји на час
  28. Паспарту не успева да издејствува да се слушне гласот на разумот
  29. Разни незгоди што се среќаваат само на железничките пруги на Унијата
  30. Филеас Фог едноставно ја извршува својата должност
  31. Инспекторот Фикс мошне сериозно ги штити интересите на Филеас Фог
  32. Филеас Фог започнува битка против лошата среќа
  33. Филеас Фог покажува дека им е дораснат на околностите
  34. На Паспарту му се дава можност да употреби една сурова, но можеби нова игра на зборови
  35. Паспарту не чека господарот да му ја повтори наредбата
  36. Филеас Фог пак избива на првото место на пазарот
  37. Се докажува дека Филеас Фог со патувањето околу светот не доби ништо друго освен среќа

Содржина уреди

Дејството се случува во 1872 година, во Лондон, каде живеел Филеас Фог, кој водел осамен живот: немал семејство, ниту роднини, ниту пак се дружел со луѓето. Тој бил член на Реформ-клубот и бил познат по тоа што секогаш бил математички точен. Освен тоа, никој не знаел ништо за него. Еден ден, Фог го очекувал новиот кандидат, зашто го имал отпуштено својот слуга поради ситна причина. Новиот слуга се викал Жан Паспарту од Франција, кој претходно се занимавал со повеќе работи, како: гимнастичар, пожарникар, акробат, патувачки пејач и слично. Паспарту му се допандал на Фог и така бил примен на служба. Фог отишол во Реформ-клубот, каде се сретнал со неговите колеги. Тие започнале разговор за кражбата на 55 илјади ливри од Банката на Англија. Описот на крадецот бил многу сличен на Фог. Притоа, членовите на клубот почнале да разговараат за колку време еден човек би можел да го обиколи светот, а Фог тврдел дека за тоа се потребни 80 дена. Членовите на клубот му се спротивставиле и Фог се обложил дека ќе го обиколи светот за договореното време. Потоа, Фог се вратил дома и му наредил на својот слуга да подготви две торби, по што тој и слугата заминале на железничката станица, каде ги чекале членовите на Реформ-клубот. Откако Фог го напуштил Лондон, низ целиот град се зборувало за неговото патување: едни се обложувале дека тој ќе успее, а други не верувале во тоа. Наскоро се јавило сомневање дека Фог е крадецот на парите од банката и затоа, полицијата го испратила детективот Фикс, со задача да го следи Фог за време на целото патување.[3]

Фог и Паспарту пристигнале во Суец и го чекале паробродот за Бомбај, но не знаеле дека во пристаништето се наоѓал и дететективот Фокс, кој им наредил на Фогс и Паспарту да се јават за проверка на пасошите. Истовремено, Фикс го испитувал Паспарту за неговиот господар при што заклучил дека тој е бараниот крадец. Затоа, тој одлучил да го следи Фог до Бомбај и таму да го уапси. За време на патувањето по Црвеното Море и по Индискиот Океан, Паспарту повторно се сретнал со Фикс и се спријателиле. Кога пристигнале во Бомбај, Паспарту отишол да го разгледа градот и влегол во една пагода, но не знаел дека на христијаните им бил забранет влезот во храмот и дека не смеел да влезе обуен. Поради тоа, тој бил нападнат од свештениците и избркан надвор при што ги изгубил чевлите. Потоа, Фог и Паспарту се качиле на возот за Калкута, а Фикс ги следел цело време. За време на патувањето, Фог и Паспарту се запознале со генералот сер Френсис Кромерти, а еден час подоцна, возот застанал поради прекин на пругата. Сакајќи што побрзо да продолжи, Фог купил слон, изнајмил водич и го продолжил патувањето низ густата шума.[4]

Патувајќи низ шумата, Фог и сопатниците слушнале необичен звук. Тоа било едно племе кое патувало кон нивниот храм, на една верска церемонија. Меѓу луѓето забележале убава жена која требало да биде жртвувана и Фог одлучил да се обиде да ја спаси жената со име Ауда. Тие го следеле племето до храмот и во мигот кога таа требало да биде запалена, Паспарту ја грабнал Ауда и тие избегале со неа. Кога стигнале во градот Алахабад, Фог се збогувал со генералот Кромерти, му платил на водичот кому му го поклонил слонот, а на Ауда и понудил да ја однесе во Хонгконг. Притоа, тројцата се качиле во возот и, патувајќи низ живописни предели, стигнале во Калкута. По пристигнувањето во Калкута, ним им пристапил еден полицаец и тие биле затворени и одведени на судење поради престапот на Паспарту во храмот во Бомбај. Всушност, судењето го предизвикал детективот Фикс. Фог бил осуден на затворска казна, но платил пари и бил ослободен, така што се качил на бродот за Хонгконг, но таму бил и Фикс кој не се откажувал од намерата да го уапси. За време на патувањето, Фог и Ауда се запознале поблиску, а Фикс постојано го испрашувал Паспарту за плановите на неговиот господар. Кога пристигнале во Хонгконг, Фог одлучил да ја одведе Ауда со себе во Европа, а Фикс му кажал на Паспарту дека детектив и побарал од него да му помогне да го уапси Фог, но Паспарту ја одбил неговата понуда. Тогаш, Фикс го опијанил Паспарту, а Фог го пропуштил бродот за Јокохама. Меѓутоа, тој нашол друг брод со кој заминал во Шангај. Во меѓувреме, Паспарту пристигнал во Јокохама каде имал можност да го разгледа градот, чекајќи го својот господар.[5]

Во Јокохама, Паспарту се вработил во циркус за да може да преживее. При една претстава, тој го забележал Фог во публиката и му се придружил на патувањето за Сан Франциско. Детективот Фикс ги следел цело време, ветувајќи му на Фокс дека ќе му помага да стигне што побрзо во Англија. По пристигнувањето во Сан Франциско, Фог, Фикс и Ауда решиле да го разгледаат градот и налетале на толпа луѓе, а еден огромен маж го удрил Фикс. Потоа, патниците тргнале за Њујорк, а патем, на пругата им се попречило стадо бизони, така што патувањето било прекинато некое време. Во возот за Њујорк, Фог го сретнал полковникот Проктор, кој во Сан Франциско го удрил Фикс, и го предизвикал на двобој. Меѓутоа, кога требало да почне двобојот, возот го нападнале Сиукси, кои ги грабнале Паспарту и тројца други патници, но нив ги спасил Фог, заедно со група доброволци. Сепак, поради тоа, тој го пропуштил бродот за Ливерпул, но еден човек им понудил да ги однесе во Њујорк со санка. Таму, бродот веќе заминал, но Фог изнајмил друг брод и успешно стигнал во Ливерпул. Таму, Фикс го уапсил Фог поради кражбата на банката и Фог поминал неколку часа в затвор, но бил ослободен. Тогаш, Фог набрзина се качил во возот за Лондон, но таму пристигнал подоцна од предвидениот рок и така го загубил облогот. Ауда останала да живее со Фог и тие решиле да се венчаат. Утредента, Паспарту дознал дека е 21. а не 22. декември, т.е. благодарение на часовните појаси, Фог стигнал еден ден порано. Така, тој ја освоил наградата од 20.000 ливри и се оженил со Ауда.[6]

Осврт кон делото уреди

„Пат околу светот за 80 дена“ е еден од најпопуларните романи на Верн. Тој обилува со богат хумор и со неповторливи егзотични авантури со кои авторот го илустрира техничкиот прогрес на европската цивилизација од крајот на 19 век.[7]

Изданија на македонски јазик уреди

Екранизација уреди

Врз основа на романот „Пат околу светот за 80 дена се снимени повеќе филмови, како:

Наводи уреди

  1. Fehrmann, A.: Die Reise um die Erde in 80 Tagen. URL last accessed 2006-12-23.
  2. 2,0 2,1 Жил Верн, Пат околу светот за 80 дена. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004.
  3. Жил Верн, Пат околу светот за 80 дена. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 5-33.
  4. Жил Верн, Пат околу светот за 80 дена. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 34-71.
  5. Жил Верн, Пат околу светот за 80 дена. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 72-158.
  6. Жил Верн, Пат околу светот за 80 дена. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 159-261.
  7. Ташко Ширилов, „Пат околу светот за 80 дена“, во: Жил Верн, Пат околу светот за 80 дена. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 263.