Северна седумгодишна војна
Северната седумгодишна војна (исто така позната како Прва Северна војна или Седумгодишна војна во Скандинавија) е војна помеѓу Кралство Шведска од една страна и колалицијата Данска-Норвешка, Либек и Полско-литванската Државна Заедница од друга страна. Војната траела од 1563 до 1570 година. Војната главно произлегла од незадоволството на кралот Фредерик II од Данска со распадот на Калмарскиот сојуз, и волјата на кралот Ерик XIV од Шведска да ја скри доминантната позиција на Данска во регионот. Борбите продолжиле во текот на седум години, од кој на крајот од војната бил потпишан Стетинскиот договор. Ниту една од земјите учеснички во војната не се здобила со проширување на својата територија.
Северна седумгодишна војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Шведско-Дански војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Данска-Норвешка | Шведска | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Фредерик II | Ерик XIV, Јован III |