Слободен Град Либек

(Пренасочено од Слободен град Либек)

Слободен и ханзеатски град Либек (германски: Freie und Hansestadt Lübeck) — поранешен град-држава, кој постоел од 1226 година до 1937 година, во сегашните германски сојузни покраини Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија.

Слободен и ханзеатски град Либек
Freie und Hansestadt Lübeck
1226–1811
1815–1937
Flag of Либек
Flag
Coat of arms of Либек
Coat of arms
Местоположба на Слободниот Град Либек во рамките на Германското Царство
Местоположба на Слободниот Град Либек во рамките на Германското Царство
СтатусСлободен царски град на Светото Римско Царство
Член на Германскиот Сојуз
Член на Северногерманскиот Сојуз
Држава на Германското Царство
Држава на Вајмарската Република
Главен градЛибек
Official languagesгермански
Уредувањерепублика
Историја 
• добиена царска непосредност
    од царот Фридрих II
1226
• анексиран од Француското Царство
1811
• повратена сувереност на
    Виенскиот конгрес

1815
• Укинат со
    Законот за голем Хамбург

1 април 1937
Површина
1905Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „,“Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „,“Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „,“ (Грешка во изразот: Неочекуван оператор < sq mi)
Население
• 1834
36,464
• 1871
52,158
• 1900
96,775
• 1933
136,413
Претходници
Наследници
Грофовија Холштајн
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Денес дел од Германија

Историја

уреди

Слободен царски град и Ханза

уреди
 
Територијата на Слободниот Град Либек, 1815–1937

Во 1226 година, царот Фридрих II го прогласил градот Либек за слободен царски град. Со Законот на Либек биле уредени формите на владеење, откако градот станал слободен град. Во теорија, со Законот на Либек, градовите кои ќе го прифателе станувале независни од монархијата. Во XIV век, Либек станал „Кралица на Ханзата, нејзин главен град, а воедно и најголем и најсилен член на оваа моќна средновековна стопанска организација.

Во 1359 година Либек го купил војводскиот феуд Мелн од задолжениот Алберт V, војвода на Саксо-Бергедорф-Мелн, дел на војводската династија на Саксо-Лауенбург. Градот и војводата — со согласност на братот на војводата Ерик — се согласиле на цена од 9.737,50 либечки марки. Страните исто така се согласиле на клаузула која дозволува повторно купување на поседите од војводата или неговите наследници, но само ако го купат поседот за себе, а не за трета страна.[1] Либек сметал дека ова припојување ќе биде многу важно, бидејќи Мелн бил важна попатна станица во трговијата (особено трговијата со сол) помеѓу Скандинавија и градовите Брауншвајг и Линебург преку Либек. Така, Либек го обезбедил Мелн со вооружена стража за да обезбеди ред на патиштата.

Во 1370 година, Либек се проширил повторно — како обезбедување на заем — кон феудите Бергедорф, Фирланде, половина од Саксонската Шума (Sachsenwald) и Гестхахт од војводата Ерик III, кој во меѓувреме го наследил неговиот постар брат V.[2] Ова проширување ги вклучило поголемиот дел од трговските патишта помеѓу Хамбург и Либек, со тоа обезбедувајќи безбедна товарна рута помеѓу градовите. Ерик III го задржал правото на доживотен наем за овие земји.

Либек и Ерик III понатаму се договориле дека кога Ерик ќе умре, Либек ќе може да ја преземе сопственоста на заложените територии додека неговите наследници не можат да го исплатат долгот и истовремено да го извршат повторното купување на Мелн. Дотогаш, сумата за поседите се искачила на 26.000 либечки марки, огромна сума на пари во тоа време.[3]

Во 1401 година, Ерик III умрел без наследник и бил наследен од неговиот втор братучед, Ерик IV, војвода на Саксо-Рацебург-Лауенбург. Во истата година, Ерик IV, поддржан од неговите синови Ерик (подоцна крунисан како Ерик V) и Јохан IV (подоцна Јохан IV), ги освоиле заложените поседи без да ја извршат договорената сума и пред Либек да може да ја преземе сопственоста на нив. Либек се согласил со тоа.[4]

Во 1420 година, Ерик V го нападнал Фридрих I, изборен кнез на Бранденбург, и Либек го побарал Хамбург за воен сојуз како поддршка на Бранденбург. Војските на двата града отвориле втор фронт и ги освоиле Бергедорф, замокот Рипенбург и царинската испостава на реката Еслинген (денес ферибот Цоленшпикер) за неколку недели. Ова го приморало Ерик V да се согласи на мир во Перлеберг на 23 август 1420 година, во која било наведено дека сите заложени територии, кои Ерик IV, Ерик V и Јохан IV насилно ги презеле во 1401 година, мора да бидат неотповикливо предадени на градовите Хамбург и Либек. Градовите ги претвориле овие области во „посед на обата града“ (Beiderstädtischer Besitz), владеени од управители со четиригодишен мандат. Управителите доаѓале од еден од градовите.

Ханзата, под водство на Либек, учествувала во неколку војни против Данска со различни исходи. Додека Либек и Ханзата победиле во 1435 и 1512 година, Либек загубил кога бил вмешан во Грофовската расправа, граѓанска војна во Данска од 1534 до 1536 година. Либек, исто така, се приклучил на Шмалкалденскиот сојуз. По неговиот пораз во Грофовската расправа, моќта на Либек полека слабеела. Либек останал неутрален во Триесетгодишната војна, но воените уништувања и новата трансатлантска насоченост на европската трговија, Ханзата, а со тоа и Либек, ја изгубиле важноста. По де факто распуштањето на Ханзата во 1669 година, Либек останал важен трговски град на Балтичкото Море.

Целосна сувереност во 1806 година

уреди

Либек останал Слободен царски град дури и по германската медијатизација во 1803 година и станал суверена држава по распаѓањето на Светото Римско Царство во 1806 година. Во текот на војната на Четвртата коалиција против Наполеон, трупите под водство на Бернадоте го окупирале неутралниот Либек по битката против Блихер на 6 ноември 1806 година.

Прва анексија

уреди

Во континенталната блокада, трговијата настрадала и од 1811 до 1813 година, Либек формално бил дел од Првото Француско Царство.

Повторно основање како суверена држава

уреди

Либек го вратил својот статус од пред 1811 година во 1813 година. Виенскиот конгрес од 1815 година ја потврдил независноста на Либек и станал една од 39. суверени држави на Германскиот Сојуз. Либек се приклучил на Северногерманскиот Сојуз во 1867 година. Следната година, Либек го продал својот удел во кондоминиумот Бергедорф на Слободниот и Ханзин град Хамбург, кој исто така бил суверена држава на Северногерманскиот Сојуз.[5] Во 1871 година, Либек станал автономна составна држава во рамките на новосоздаденото Германско Царство. Неговиот статус ослабнал во текот на Вајмарската Република со присилувањето на Републиката на нејзиното право да ги одредува државните и царските даноци. Во 1935 година, државноста на Либек, како и на сите други германски држави, целосно исчезнала, иако не била формално укината.

Втора и последна анексија

уреди

Во 1937 година, нацистите го донеле Законот за голем Хамбург, со кој блискиот Ханзеатски град Хамбург бил проширен со блиските градови кои порано припаѓале на пруската покраина Шлезвиг-Холштајн. За да ѝ надомести на Прусија за овие загуби (и делумно поради личната омраза на Адолф Хитлер на Либек поради одбивањето да одржи говор таму во 1932 година)[6] 711-годишната сувереност на Либек престанал и скоро целата негова територија била припоена кон Шлезвиг-Холштајн.

Либек окупиран од британската армија во последните денови на Втората светска војна. Подоцна, советската армија ја окупирала целата територија на исток од градот, како што било договорено помеѓу сојузничките сили. Прусија била укината како држава од сојузничките сили по војната. Меѓутоа, за разлика од Хамбург и Бремен, на Либек не му била вратена сувереноста. Наместо тоа, градот бил припоен кон новата сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Elisabeth Raiser, Städtische Territorialpolitik im Mittelalter: eine vergleichende Untersuchung ihrer verschiedenen Formen am Beispiel Lübecks und Zürichs, Lübeck and Hamburg: Matthiesen, 1969, (Historische Studien; 406), p. 88: Hamburg, Univ., Diss., 1969.
  2. Elisabeth Raiser, p. 90.
  3. Elisabeth Raiser, pp. 90 seq.
  4. Elisabeth Raiser, p. 137.
  5. Хамбург ја припоил областа кон неговата територија, кој денес го претставува современиот кварт Бергедорф.
  6. Либек: Градот што му рекол не на Хитлер Архивирано на 16 мај 2015 г., Сајмон Хефер, The Daily Telegraph; 28 јуни 2010.

53°52′11″N 10°41′11″E / 53.86972° СГШ; 10.68639° ИГД / 53.86972; 10.68639