Сеад Џигал (албански: Sead Xhigal; Скопје, 1975) е познат македонски комуниколог[1].

Животопис уреди

Џигал е роден 1975 година во Скопје, каде и ги поминал сите степени на образование. Завршил студии по филологија на факултетот „Блаже Конески” во Скопје на катедрата за Македонски и јужнословенски јазици со изборна доквалификација филолог по албански јазик и книжевност. Од 2003 бил на магистерски студии по комуникации при ИСППИ во Скопје. Проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Во своите есеи, Џигал ги допира темите од сферата на културологијата, медиумите, современото живеење и социјално еволуирање на човекот и на неговата свест. Основач е на Центарот за нови медиуми[2].

Библиографија уреди

Џигал има издадено две книги збирки културолошки едеи во 2002 година и издал текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre Iнternational, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…).

  • Културолошки записи“, Македонска книга, Скопје

Наводи уреди

  1. П., Н. „Изданија "Културолошки записи" од Сеад Џигал“. Утрински Весник. Посетено на 2009-11-27.[мртва врска]
  2. „ЗА НАС - ЦЕНТАР ЗА НОВИ МЕДИУМИ“. Центар за нови медиуми. Архивирано од изворникот на 2009-12-12. Посетено на 2009-11-27.