Кирил Александриски

(Пренасочено од Св. Кирил Александриски)

Свети Кирил Александриски (роден во 376 — починал во 444) — христијански светец и Александриски патријарх во периодот од 412 до 444 година.

Свети Кирил Александриски
Патријарх на Александрија
ЦркваАлександриска црква
Ракоположен426
Службата завршила427
ПретходникТеофил
НаследникДиоскор
Лични податоци
ЗанимањеПатријарх на Александрија

По потекло Кирил Александриски бил благородник и близок роднина на Теофил Александриски, по чија смрт самиот бил посветен за патријарх. За време на својот живот водел три големи борби: со кривоверците новацијани, со еретикот Несториј Цариградски и со Евреите во Александрија. Новатијаните настанале во Рим, а така биле наречени по презвитерот Новатијан, нивниот ересоначалник. Се гордееле со својата добродетел, оделе облечени во бела облека, им забранувале на другите брак и сметале дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во црквата оној кој еднаш отпаднал, колку и горко да се кае[1].

Кирил нив успеал да ги победи и да ги протера од Александрија. Борбата со евреите била многу потешка и покрвава. Евреите во градот Александрија се засолниле уште од времето на Александар Македонски. Нивната омраза кон христијаните била бесна и подмолна. Тие ги убивале христијаните безмилосно и подло и ги распнувале на крст. По долга и тешка борба Кирил издејствувла кај императорот Теодосиј II да се протераат евреите од Александрија. Неговата борба против Несториј Цариградски, ја решил Третиот вселенски собор во Ефес. Со тој собор претседавал самиот Кирил, истовремено застапувајќи го и Римскиот Папа Целестин I, на негова молба, бидејќи тој од старост не можел присуствува на соборот. Несториј билл осуден, анатемисан и од царот прогонет на источната граница на империјата, каде подоцна починал. Починал во 444 година. Се смета дека тој ја составил „Богородице Дево, радувај се!“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Свети Кирил, архиепископ Александриски“. Посетено на 9 јануари 2011.