Свиларче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Cettiidae
Род: Cettia
Вид: Свиларче
Научен назив
Cettia cetti
(Temminck, 1820)

Свиларчето (научCettia cetti) е мала кафеава птица што живее во грмушки, низ јужна и централна Европа,[2] северозападна Африка и југоисточна умерена Азија до Авганистан и северозападен Пакистан. Ја има и во Македонија. Ова е единствена птица од ова семејство што е распространета надвор од Азија. Taa e многу прикриена птица, односно тешко може да се види, како славејчето, и се покажуваат само еден краток момент.[3]

Опис

уреди
 
Свиларче

Свиларчињата се мали птици, долги 13-14 см,[4] тешки 12-15 грама.[5] Имаат заоблена глава со тенка бледо сива лента што минува над впечатливо црните очи, и кратки заоблени крилја. Богатите костенливи или темноцрвенокафеави бои ги има на крилјата, и на горните делови: главата и грбот. Однапред се светлосиви, на грлото и стомакот. Опашката им е подолга и поширока од повеќето други трскарчиња и грмушарчиња.[6]

 
Cettia cetti cetti

Мажјаците и женките се слични. Мажјаците се 26% до 32% потешки од женките. Исто така, мажјаците имаат подолги пердуви на крилјата.[7][8]

Поведение

уреди

Живеалиштето на свиларчето се влажните подрачја, вклучувајќи ги барите, езерата, мочуриштата и реките. Тие се хранат со инсекти, помали за полесно да ги свари.[9]

Свиларчето го сигнализира своето присуство со многу гласна, и со висока честота, песна.[4] Пеење на свиларчето на YouTube Преку лето, мажјаците голем дел од времето го минуваат создавајќи ја својата територија, а многу помалку за грижа околу јајцата и пилињата. Откако ќе ја означат територијата, мажјаците обично привлекуваат повеќе од една женка со своето пеење.[10] Песната игра важна улога. Таа е карактеристична и им дозволува на своите видови да се пронајдат и да се спречи меѓувидово парење.[11]

Статус

уреди

Во Европа има околу 600.000-1.600.000 пара свиларчиња.[12] Популацијата е стабилна и во благ пораст, па затоа според Црвениот список на МСЗП е класифициран како вид со најмала загриженост.[13]

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Cettia cetti. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Robinson, Robert A; Stephen N. Freemen, Dawn E. Balmer and Mark J. Grantham (2007). „Cetti's Warbler Cettia cetti: analysis of an expanding population“. BTO. 54: 230.
  3. Seago, Michael J (31). „Cetti's Warbler, Cettia Cetti“. Архивирано од изворникот на 2015-05-08. Посетено на 2013-09-05. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date=, |year= / |date= mismatch (help)
  4. 4,0 4,1 „The RSPB: Cetti's Warbler“. 1. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date=, |year= / |date= mismatch (help)
  5. „BTO BirdFacts | Cettiâs Warbler“. BTO BirdFacts. 31. Проверете ги датумските вредности во: |date=, |year= / |date= mismatch (help)
  6. „Videos- Cetti's Warbler“. Наводот journal бара |journal= (help)
  7. Colin J., Bibby; Derek K. Thomas (1984). „Sexual dimorphism in size, moult and movements of Cetti's Warbler Cettia cetti , Bird Study“. 31 (1): 28–34. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. Zumet, Javier Blasco; Gerd Michael Herinze. „Cetti's Warbler“. Laboratorio Virtual Ibercaja: 1–5.
  9. Molin, Javier, and Ismael Camach (1998). „Deit of Cetti's Warblers Cettia Cetti (Temmink, 1820) in a Locality of Southern Spain“ (PDF). Ardeolo. 2. 45: 217–220. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  10. „Bird Guides-Cetti's Warbler“. Архивирано од изворникот на 2008-04-12. Посетено на 31 Oct 2012.
  11. Hamao, Shoji, Maria J. S. Veluz, Takema Saitoh, and Isao Nishiumi (2008). „Phylogenetic Relationship And Song Differences Between Closely Related Bush Warblers (Cettia Seebohmi And C. Diphone“. The Wilson Journal of Ornithology: 268–276.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. „Species: Cetti's Warbler“. Посетено на 1 Nov 2012.
  13. „Cettia Cette-Cetti's Warbler“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-01-04. Посетено на 2 Nov 2012.

Надворешни врски

уреди