Светла (Ледена) Пештера

Пештера кај с.Нова Брезница, Македонија

Светла или Ледена (меѓу мештаните позната како Здравевска Пештера[1]) — пештера во Македонија, од видот на ледени пештери. Претставува пештера која е сместена во еден од најинтересните и најзначајните карстни предели во Македонија во Општината Сопиште во атарот на селото Нова Брезница на надморска висина од 990 метри. Се наоѓа на висорамнината Шумјак околу еден час пешечење јужно од селото во месноста викана Долни Бунари. Лесно е достапна и е на само 30 километри од Скопје. Она што ја прави пештерата привлечна е минеролошкиот феномен – калцитни кристали со голема проѕирност. Зимно време со струењето на воздухот поради обликот на пештерата, која е во форма на чизма, од подот и таваницата на пештерата се создаваат импозантни ледени украси, а таа станува вистинска ледена убавица, по што го добила и името. Единствена е од ваков вид досега откриена во Македонија. Освен пештерата, реонот до неа и околу неа го прави привлечен и природата која изобилува со многу природни реткости, бунари, мали езерца, богат животински и растителен свет.[2]

Ледена
Отворот (влезот) на пештерата
МестоНова Брезница,  Сопиште, Македонија Македонија
Должина15 м
Надм. височина990 м

Кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдестетите, спелеолошкото друштво „Пеони“ вршело истражувања на неколку пропасти, сместени на висорамнината Копање, при што пропаста во тоа време означена како Пеони III во голем дел одговара на Светла Пештера, а за неа спелеолозите запишале дека таа е типична ѕвонеста пропаст, која во длабочината е поширока[3]. Таа се наоѓа на висорамнината Копање (Шумјак) и отворот и е во една помала вртача. Отворот и изнесува в оразмер од 0,70 м, додека вкупната длабочина и изнесува 15 метри[3]. Дното на пропаста е препокриено со разурнати камења од страните на пропаста, а интересна е поради тоа што во поголем дел по ѕидовите е препокриена со напласти, така што при светлоста на карбитните ламби кристалите ја одбиваат светлината во разни бои[3]. По ѕидовите има и украси и напласти со чудни облици, но преовласуваат облици како на човечки глави[3]. Дното и е наведната за околу 20%, што укажува на некогашното истечување на вода[3]. Вода капница има само тогаш кога има врнежи и нешто малку подоцна[3]. Припаѓа од типот на ѕвекари[3].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Според кажување на мештаните Целе и Ангеле, забележал Марио Шаревски на 28 април 2018
  2. „Пештера Ледена во Нова Брезница“ (PDF). Информатор на општина Сопиште. 10.2009/01.2010. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Манаковиќ, Душан (1973). „Пештери и пропасти во Скопската Котлина“. Географски видик. Скопје: Географско друштво на СР Македонија: 33.

Надворешни врски

уреди