Партениј Зографски (манастир)
- Ова е статија за манастир. За деецот со исто име видете Партениј Зографски
Партениј Зографски претставува женски манастирски комплекс во Стар Дојран. Основан е во 2001 година од страна на Струмичкиот митрополи Наум. Посветен е на големиот македонски светогорски монах од манастирот Зограф, еден од најобразуваните Македонци во XIX век и еден од најголемите ерудити на Балканот воопшто во тоа време, прв македонски епископ хиротонисан од Патријаршијата, преродбеник, поборник за воведување на црковно-словенскиот јазик во богослужбите, учебникар, писател и учител којшто го вовел македонскиот народен јазик во училиштата, проповедник и духовник.
Информации | |
---|---|
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 2001 |
Епархија | Струмичка |
Цркви | „Св. Марија Магдалена“, „Св. Максим Исповедник и Св. Григориј Палама“ и „Св. Царско Семејство Романови“ |
Личности | |
Основач (и) | Струмички митрополит Наум |
Игумен | сестра Февронија |
Важни личности | Партениј Зографски |
Место | |
Место | Стар Дојран, Општина Дојран, ![]() |
Координати | 41°11′16″N 22°43′11″E / 41.18778° СГШ; 22.71972° ИГДКоординати: 41°11′16″N 22°43′11″E / 41.18778° СГШ; 22.71972° ИГД |
Видливи остатоци | 3 цркви, конак |
Отворен за јавност | делумно |
Објекти Уреди
- Цркви[1]
- Црква „Св. Марија Магдалена“ - главната манастирска црква;
- Црква „Св. Максим Исповедник и Св. Григориј Палама“ - манастирска црква во затворениот дел;
- Црква „Св. Царско Семејство Романови“ - манастриска црква;
- Конаци
- Главен конак - се наоѓа во затворениот дел;
Монаштво Уреди
Манастирот е женски и во него на почетокот на 2001 година од Вељушкиот манастир дошле првите две монахињи. Старешина на манастирот е сестра Февронија. Сестринството е мало и типикот на манастирот е од затворен карактер. Тоа значи дека посетителите можат да ја посетат главната манастирска црква и таа посветена на Светото Семејство Романови, додека конаците и малата црквичка посветена на св. Максим Исповедник и на Св. Григориј Палама спаѓаат во монашкиот затворен простор. Иконописот и плетењето бројанички, како и изработката на мали и уникатни монашки ракоделија е главното послушание меѓу часовите за молитвено тихување и богослужбите.
Наводи Уреди
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.