Мариго
Мариго (француски: Marigot) е најголемото населено место и главен град на француската страна на островот Свети Мартин.
Мариго Marigot | |
---|---|
Мариго | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Свети Мартин" does not exist | |
Координати: 18°04′23″N 63°04′56″W / 18.0731° СГШ; 63.0822° ЗГД | |
Земја | Франција |
Прекуморска заедница | Свети Мартин |
Население (2006) | |
• Вкупно | 5.700 |
Население
уредиНаселението брои 5.700 жители[1]
Географија и клима
уредиМариго е сместен на западниот брег на островот Свети Мартин. Се протега од брегот на запад по должината на заливот Мариго, а на исток до ридовите во внатрешноста на островот. На југоисток се граничи со Симпсоновиот Залив.
Сообраќај
уредиГрадот го опслужува меѓународниот аеродром „Принцеза Јулијана“ и аеродромот „Л'Есперанс“. Има и траект кој оди до Блоуинг Поинт во Ангвила.
Историја и знаменитости
уредиМестото првобитно било рибарско село крај мочуриштето, по кое е наречено. Во времето на Луј XVI, Мариго станал главен град по изградбата на утврдувањето Сен Луј на ридот близу заливот Мариго. Денес ова е најважниот објект во местото.
Мариго е типично карипско место со шарени куќи и кафеани по тротоарите. Пазарни денови се среда и сабота. По пазарите се продаваат најразлични производи - од тропско овошје и зеленчук како кокос, авокадо, сладок компир, разни зачини, риба, па до локални ракотворби и облека.
Во 1998 г, тука е сниман дел од филмот „Брзина 2“, кога бродот „Сиборн Леџенд“ се урива во островот.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Попис 2006 г.
Надворешни врски
уредиСвети Мартин - портал „Географија“ (англиски)