Светилиште (роман)
„Светилиште“ (англиски: Sanctuary) — роман на американскиот писател и нобеловец Вилијам Фокнер, објавен на 9 февруари 1931 година од издавачката куќа Кејп и Смит. Дејството се одвива во мај и јуни 1929 година во имагинарната област Јокнапатафа, каде што се одигруваат речиси сите романи и раскази на овој американски автор. Во центарот на наративот е Хорас Бенбоу, адвокат кој се обидува да одбрани невин човек обвинет за убиство. Еден вид продолжение на настаните опишани во Светилиштето е дадено во делото на Фокнер „Реквием за калуѓерката“ (1951). Темата на Светилиште е откривањето на природата на злото, губењето на илузиите, проблемот со корупцијата и потрагата по правда.[1]
Автор | Вилијам Фокнер |
---|---|
Изворен наслов | Sanctuary |
Изработувач на корицата | Артур Хокинс Јуниор |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Издавач | Џонатан Кејп и Харисон Смит |
Издадена | 1931 |
Медиум | печатено |
Претходна | Додека умирав |
Следна | Светлина во август |
Светилиште е најмрачиот роман на Фокнер полн со експлицитни сцени на насилство, што го навело тогашниот критичар, Хенри Сидел Канби, да напише дека садизмот со овој роман го достигна својот американски врв.[2] Контроверзите што го опкружувале, особено оние поврзани со епизодата на силување, го направиле Светилиште бестселер и го свртеле вниманието на критичарите кон Фокнер. Романот се продал повеќе од сите негови претходни дела заедно.[3] Меѓутоа, финансиските проблеми на издавачот го спречиле Фокнер да заработи од својот успех.[4] Иако многу читатели и критичари од тоа време биле згрозени од прикажувањето на ужасот и насилството, други виделе книжевна вредност во Светилиштето и ја пофалиле неговата провокативна моќ.[1] Современите научници истакнуваат дека ова е романот што Фокнер го преправал најмногу пати.
Адаптации
уредиСтудиото Парамаунт во 1933 година снимило адаптација на Светилиште, наречена Приказната за Темла Дрејк. Филмот бил режиран од Стивен Робертс, а главните улоги ги толкувале Миријам Хопкинс и Џек Ла Ру. Филмот предизвикал контроверзии за прикажувањето на сексуалноста и насилството и го забрзал усвојувањето на строгите холивудски правила за цензура познати како Хејзов код. По втор пат е екранизиран во 1961 година. во режија на Тони Ричардсон. Сценариото е создадено со комбинирање на наративот на Светилиште со неговото неофицијално продолжение, Реквием за калуѓерката. Втората адаптација се смета за полоша од првата.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Rampton, David (2008). William Faulkner: a literary life. New York. ISBN 978-1-4039-4680-5.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Fargnoli, A. Nicholas; Golay, Michael (2009). Critical Companion to William Faulkner. Infobase Publishing. ISBN 978-1-4381-0859-9.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Canby, Henry Seidel (1931). The School of Cruelty,” Saturday Review of Literature 7.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Towner, Theresa M. (2008). The Cambridge Introduction to William Faulkner. Cambridge University Press. ISBN 978-1-139-46969-2.CS1-одржување: ref=harv (link)