Сванте Пебо
Сванте Пебо (шведски: Svante Pääbo); (Стокхолм, 20 април 1955) — шведски генетичар со естонско потекло. Тој е еден од основачите на палеогенетиката и е најпознат по неговото проучување на геномот на неандерталците.[3] Тој е директор на Одделот за генетика на Институтот за еволутивна антропологија Макс Планк во Лајпциг од 1997 година и е почесен научен соработник наПриродонаучниот музеј во Лондон. Тој е и професор на Институтот за наука и технологија во Окинава.[4]
Сванте Пебо Svante Pääbo | |
---|---|
Пебо во 2016 | |
Роден(а) | 20 април 1955 Стокхолм, Шведска |
Полиња | |
Установи | |
Теза | „Како белковината E19 на аденовирусти го модулира имуниот систем“ (1986) |
Познат по | Палеогенетика |
Поважни награди |
|
Сопружник | Линда Вигилант (в. 2008) |
Деца | 2 |
Во 2022 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за неговите откритија во врска со геномите на изумрените хоминини и човечката еволуција.[5][6] Нобеловиот комитет тогаш објавил дека Пебо постигнал нешто навидум невозможно кога го секвенционирал првиот неандерталски геном и открил дека хомо сапиенсот се вкрстил со неандерталците.
Животопис
уредиРоден е во Стокхолм од мајка хемичарка, Карин Пебо, и татко биохемичар, Суне Бергстром, кој ја добил Нобеловата награда во 1982 година.[7][8]
Докторирал на Универзитетот во Упсала истражувајќи како белковината Е19 на аденовирусот го модулира имунолошкиот систем.
Пебо се смета за еден од основачите на палеогенетиката, дисциплина која користи генетски методи за проучување на луѓето и другите древни популации. Во 1997 година, Пебо и неговите колеги успешно ја секвенционирале неандерталската митохондријална ДНК.
Наводи
уреди- ↑ „Professor Svante PÄÄBO | Jeantet“. 1 October 2017. Архивирано од изворникот 16 May 2021. Посетено на 16 October 2021.
- ↑ „Svante Paabo“. London: Royal Society. 2016. Архивирано од изворникот 29 April 2016. One or more of the preceding sentences incorporates text from the royalsociety.org website where:
"All text published under the heading 'Biography' on Fellow profile pages is available under Creative Commons Attribution 4.0 International License." --„Royal Society Terms, conditions and policies“. Архивирано од изворникот September 25, 2015. Посетено на 2016-03-09.
- ↑ https://web.archive.org/web/20220711123151/https://www.newyorker.com/magazine/2011/08/15/sleeping-with-the-enemy. Архивирано од изворникот на 11 јули 2022. Посетено на 6 октомври 2022.. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|access-date=, |archive-date=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Svante Pääbo“. OIST Groups. 29 април 2020. Архивирано од изворникот на 24 октомври 2021. Посетено на 6 октомври 2022.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=, |archive-date=
(help) - ↑ „Press release: The Nobel Prize in Physiology or Medicine 2022“. Посетено на 3 октомври 2022.
- ↑ Grover, Natalie; Pollard, Niklas; Ahlander, Johan (3 октомври 2022). „Swedish geneticist wins Nobel medicine prize for decoding ancient DNA“. Reuters. Посетено на 3 октомври 2022.
- ↑ https://www.newyorker.com/magazine/2011/08/15/sleeping-with-the-enemy. Посетено на 3 октомври 2022. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Neanderthal Man: In Search of Lost Genomes by Svante Pääbo – review“. The Guardian (англиски). 20 февруари 2014.
Надворешни врски
уреди- Сванте Пебо на Ризницата ?
Сколија има авторски профил за Сванте Пебо. |
- Svante Pääbo at the Max Planck Society
- Human Evolutionary Genomics Unit (Svante Pääbo). Okinawa Institute of Science and Technology Graduate University
- Сванте Пебо објавени подредени дела од Гугл сколар
- Сванте Пебо on Nobelprize.org