Сараевски погром над Србите во 1914 година

Сараевски погром над Србите во 1914 година е погром над жителите на Сараево од српска националност кои бил еден од погромите над Србите организирани во Австроунгарските покраини во Босна и Херцеговина и Хрватска по повод Сараевскиот Schutzkorpsатентат во 1914 година.[3][4]

Сараевски погром над Србите
Датум28–29 јуни 1914
МестоСараево, Австроунгарија
Координати43°52′00″N 18°25′00″E / 43.8666° СГШ; 18.4166° ИГД / 43.8666; 18.4166
ПричинителСрбофобија по Атентатот врз Франц Фердинанд
УчеснициБосански муслимани и Хрватското население во Сараево, поддржани од австриските власти
Починати2 мртви Срби
Материјална штетазгради и градби во сопственост на Срби
ИследувањаПовеќе од 100 Срби уапсени под сомнение дека дале поддршка на атентаторите на Франц Фердинанд[1]
58 non-Serbs arrested[2]
Девастирани и ограбени трговски дуќани на Срби во Сараево 1914 година

Убиството на австрискиот надвојвода Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија предизвикале насилни антисрпски демонстрации на гневните Хрвати и муслимани во текот на вечерта 28 јуни 1914 година и во поглемиот дел од следниот ден. Тоа довело до длабоки меѓуетнички поделености какви не биле забележени во дотаогашната историја на градот. Иво Андриќ овој настан го опишал како „сараевска махнитост на омразата“.[5] Гневот бил насочен кон деловните простории во сопственост на Србите, знаменитостите, Српската православна црква, училиштата, Српскиот културен центар- Просвјета, банката и канцеларијата на српски јазик „Српска ријеч“. Во токот на насилието, истиот ден биле убиени двајца Срби.[6] Во Сараево, спрема рускиот извештај, повеќе од илјада куќи и продавници биле уништени.[7] Дури и конзервативната Виенска штампа уредента известила дека Сараево изгледало како поприште на погром.[8]

По извршениот Сараевски атентат, антисрпскаите чувства биле изразито на високо ниво во целата Австроунгарија.[9] Било уапсено и протерано околу 5.500 угледни Срби, од нив 460 биле осудени на смрт, додека Австроунгарските власти во Босна и Херцеговина оформиле претежно муслиманска специјална милиција (германски:Schutzkorps ) која ги прогонувала Србите.[10][11] Бројни муслимански верски водачи протестирале поради погроните над Србите.[12] Истата ноќ антисрпски нереди биле организирани во бројни други делови на Австро- Унгарија, како на пример во Загреб и Дубровник.[13][14]

Антисрпските демонстрации во Австроунгарија и настаните кои следеле имале значајно влијание на ставот на Русија и нивната штампа која истакнала дека одговорноста за настаните не припаѓа на Србија, туку на сите оние кои ја вмешале Австрија во Босна и се спротивставиле на Србија, тако што Русија имала хумана должност да ги заштити браќата кои се нашле во оваа ситуација.[15]

Наводи

уреди
  1. Donia 2006, стр. 127
  2. Donia 2006, стр. 128
  3. Christopher Bennett (1995). Yugoslavia's Bloody Collapse: Causes, Course and Consequences. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 31. ISBN 978-1-85065-228-1. ...high throughout the Habsburg Empire and in Croatia and Bosnia-Hercegovina it boiled over into anti-Serb pogroms.
  4. Milorad Ekmečić (1973). Ratni ciľjevi Srbije 1914. Srpska književna zadruga. стр. 165. Ријеч „демонстрација" овдје нема право значење, и ту филологија не стоји у складу са реалношћу историје; назив- „погром" је адекватнији.
  5. Daniela Gioseffi (1993). On Prejudice: A Global Perspective. Anchor Books. стр. 246. ISBN 978-0-385-46938-8. Посетено на 2 септември 2013. ...Andric describes the "Sarajevo frenzy of hate" that erupted among Muslims, Roman Catholics, and Orthodox believers following the assassination on June 28, 1914, of Archduke Franz Ferdinand in Sarajevo...
  6. Sarajevo: a biography, by Robert J. Donia. Google Books. 29 јуни 1914. Посетено на 16 јануари 2012.
  7. Milorad Ekmečić (1973). Ratni ciľjevi Srbije 1914. Srpska književna zadruga. стр. 165. Према једном руском из- вјештају, само у Сарајеву било је уништено преко хиљаду кућа и радњи.
  8. William Jannen (1996). Lions of July: Prelude to War, 1914. Presidio. стр. 10. ISBN 978-0-89141-569-5. A conservative Vienna paper reported the next day that "Sarajevo looks like the scene of a pogrom."
  9. Yugoslavia's bloody collapse: causes, course and consequences, by Christopher Bennett. Google Books. Посетено на 16 јануари 2012.
  10. Tomasevich (2001), p. 485

    The Bosnian wartime militia (Schutzkorps), which became known for its persecution of Serbs, was overwhelmingly Muslim.

  11. Herbert Kröll (28 февруари 2008). Austrian-Greek encounters over the centuries: history, diplomacy, politics, arts, economics. Studienverlag. стр. 55. ISBN 978-3-7065-4526-6. Посетено на 1 септември 2013. ...arrested and interned some 5.500 prominent Serbs and sentenced to death some 460 persons, a new Schutzkorps, an auxiliary militia, widened the anti-Serb repression.
  12. E. Greble (23 февруари 2011). Rt-Sarajevo 1941-1945 Z. Cornell University Press. стр. 8. ISBN 978-0-8014-6121-7. For example, when the Habsburgs persecuted Orthodox Serbs in retaliation for the assassination, a number of important Muslim leaders protested.
  13. Beginning the twentieth century: a history of the generation that made the war, by Joseph Ward Swain. Google Books. Посетено на 16 јануари 2012.
  14. John Richard Schindler (1995). A hopeless struggle: the Austro-Hungarian army and total war, 1914-1918. McMaster University. стр. 50. Посетено на 2 септември 2013. ...anti-Serbian demonstrations in Sarajevo, Zagreb and Ragusa.
  15. Bernadotte Everly Schmitt (1966). The coming of the war 1914. 1. Fertig. стр. 442. ...crime rested really, not with Serbia, but with those who had pushed Austria on in Bosnia and against Serbia, and that "in the ... and that the "pogroms" made desirable the liberation of the Serbs and the other Slav nationalities from the German yoke.

Литература

уреди