Санде Шарков
Санде Димов Шарков (25 декември 1920 во Љубанци, Скопско — 1945 во Љубанци, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗавршил основно училиште. Бил мобилизиран во бугарската фашистичка армија. Во септември 1944 година избегал од бугарските единици и заминал во партизани во Кумановските планини. Учествувал во борбите против германските фашистички единици на Страцин. Во таа борба бил тешко ранет. Потоа бил испратен во родното село на лечење, но од последиците на раните починал во 1945 година.[1]