Саме Лимани-Жарноски

(Пренасочено од Саме Лимани - Жарновски)

Саме Лимани - Жарноски (1935 - 28 јануари 2007) — македонски поет.[1] Роден е во село Жировница, Реканско. Завршил учителска школа. Работел како наставник по македонски јазик во Жировница. Член на ДПМ од 1991 година.[2] Добитник е на наградата за песна на манифестацијата „Празник на липите“.[1]

Саме Лимани - Жарноски
Занимањеписател

Од неговото богато творештво особено се истакнува песната „Не викајте ме Торбеш“[3].

Во негова чест е именувано природното ледничко Самево Езеро, кое што се наоѓа на планината Дешат над неговата родна Жировница.

Книжевно творештво уреди

  • Распукани бигори (1970)
  • Искри во изгасната пепел (1971)
  • Не грачи, тажна птицо (1973)
  • Цибрини и солзи (1976)
  • Долината на љуњите и љубовта (1981)
  • Завеани врвици (1983)

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 140.
  2. Утрински весник број 2296, 30 јануари 2007: Последен збор; Саме Лимани-Жарновски
  3. „Не викајте ме Торбеш“ – Саме Лимани - Жарноски (македонски)