Самево Езеро

Ледничко езеро на планината Дешат


Самево Езеро (меѓу населението познато како: Езерче) — ледничко езеро на планината Дешат. Тоа е најниското постглацијално езеро во Македонија[1]. Наречено е Самево Езеро во чест на македонскиот поет Саме Лимани - Жарноски, од страна на проф. д-р Драган Василески.

Самево Езеро

Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Површина 390 м2
Должина 33 м
Ширина 15 м
Обем 90 м
Длабочина 1,85 м
Надморска висина 1.453 м
Планина Дешат
Самево Езеро на Ризницата

Местоположба

уреди

Самевото Езеро се наоѓа во северниот дел на планината Дешат, од десната страна на долината на реката Жировница, југозападно од истоименото село, на надморска височина од 1435 метри, со што тоа е најниско постглацијално акумулативно езеро во Македонија[1]. Од селото Жировница до селото може да се стигне по земјен колски пат и скршнување непосредно од него кон север во месноста Горна Страна. Непосредната пристапност на езерото е добра, бидејќи тоа е пристапно од сите страни. Целиот околен простор и самото езеро е опколено со многу густа букова шума, поради што најверојатно останало надвор од видокругот на научните работници[1].

Одлики

уреди
 
Поглед на Самево Езеро

Самевото Езеро се протега во правец југ југозапад-север североисток и во истиот правец неговата најголема должина изнесува 33 метри, а најголемата широчина во правец југоисток-северозапад исзнесува 15 метри[1]. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 90 метри[1]. Во овие рамки тоа зафаќа површина од 390 м2[1]. Најголемата длабочина на езерото изнесува 1,85 метри и таа се наоѓа на 19 метри оддалеченост од јужниот дел на брегот на езерото, додека просечната длабочина на езерото изнесува 1 метар[1]. Во овој езерски базен, годишно се собираат околу 350-400 м3 вода. На северозападниот дел на езерото има истека со широчина од 1,5 метри[1]. Нивото на езерската вода се одржува на иста височина преку текот на целата година, така што кај ова езеро не се забележуваат поголеми промени[1]. Бојата на водата е темнокафеава, а оваа нијанса се јавува како последица на големата количина на органски материи (лисја, гранки и друго), наталожени на дното на езерото. Бидејќи длабочината е релативно мала, езерската вода е проѕирна до самото дно[1]. Поради овие одлики на езерото и фактот што тоа е многу мало, самите мештани не го сметаат за езеро туку го сметаат за „млака[2], што значи место каде што извира слаба вода и месноста е мека, влажна и секогаш под трева; локва или мочуриште[3]. Просечната темпертатура на водата на езерото се движи околу 12 °C[1].

Предание

уреди

Според кажувања на мештаните на Жировница, постои легенда за Езерче, во која се вели дека во месноста наречена Горна Страна под Меѓа, има едно мало езерче во кое никој не влегол оти е многу длабоко[1]. Не влегол ниту човек ниту што било друго оти ќе потонел[1]. Се прикажува дека во старо време еден дрвар се враќал од впланина со мазгата натоварена со дрва, а ко стгинал до езерчето, мазгата се исплашила и втрчала во езерчето што било покриено со лисја од букова шума и почнача да тоне[1]. Дрварот сакал да ѝ помогне и тој потонал во езерчето[1]. По некое време излегол некаде кај селото Болетин[1].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 Василески, Драган(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mauntain Desat. АД НАпредок, Тетово; стр. 77-82
  2. Забележал Марио Шаревски на 11.06.2017, во разговор со Аднан и други мештани на с.Жировница крај самото езеро
  3. Видоески, Божидар (1999). Географската терминологија во дијалектите на македонскиот јазик. Скопје: МАНУ. стр. 90. ISBN 9989-649-64-2.