Самарџија
Самарџија,[1][2] седлар[3][4] или сарач[5][6] — занаетчија специјализиран за обработка на кожа и гума. Пред сè, седла, појаси, футроли за огнено оружје, фишеклии за ловци, паричници, камшици. Овој занает спаѓа во кожните занаети.[7] Сарачката роба можела да се купи и на пазарите и панаѓурите.
Самарџијата производите ги изработувал рачно, а алатките што ги користил се многубројни и вклучуваат сарачко шило и игла со кои рачно шиел, потоа многу различни ножеви, сечила, ножици, зумби, калапи, стеги и преси. Во почетокот самарџиите сами ја правеле и подготвувале кожата, потоа ја набавувале и на крајот почнале да користат фабрички обработена кожа. Пред индустријализацијата, секое домаќинство имало коњи и волови, кои се користеле за обработка и влечење. Но, со модернизацијата и сузбивањето на запрегите, бројот на самарџиите се намалил, а денес овој занает е многу редок.
Денес, неизбежната пластика ги потиснува кожните предмети. Бидејќи кожните предмети бараат многу професионална, човечка работа, а тоа им ја зголемува цената. Ремени, паричници, кутии за пиштоли... тие се повеќе се направени од пластика, лесни се, водоотпорни, нивната цена е ниска.
Наводи
уреди- ↑ „самарџија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „самарџија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „седлар“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „седлар“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сарач“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сарач“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Stari Zanati u Srbiji, Ministarstvo trgovine, turizma i telekomunikacija, Beograd, 2016.
Надворешни врски
уреди- Стари занаeти - сарач (Агро ТВ - Официјален канал)
- Стари занаети во СрбијаАрхивирано на 7 октомври 2019 г.