Самарска Чука (Зеленград)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Самарска Чука - Градиште“
| |
Местоположба | 41°01′22″N 22°16′24″E / 41.02278° СГШ; 22.27333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Зеленград |
Општина | Пробиштип |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Самарска Чука - Градиште — археолошко наоѓалиште кај пробиштипското село Зеленград. Претставува утврдена населба од доцноантичко време. Претставува висок рид со доминантна местоположба што се издига на јужниот раб на селото. На зарамнетото плато на врвот се гледаат остатоци од темели на одбранбен бедем кој опкружува простор од 200 x 100 м. Во внатрешноста на тврдината се забележуваат темели од повеќе мали објекти, а има множество градежен материјал и фрагменти од керамички садови. Најдени се и монети од Јустинијан I.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 322. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |