Савуанско Море
Савуанско Море (италијански: Laut Sawu) — помало море на територијата на Индонезија наречено по островот Саву кој лежи на неговата јужна граница. На југ се граничи со Саву и Рај Џуа, на исток со островите Роти и Тимор (поделен на Источен Тимор и Индонезија), на север и северозапад со Флорес и Алорскиот Архипелаг, а на запад и северозапад со островот Сумба. Помеѓу овие острови на југ и запад морето преоѓа во Индискиот Океан, на север во Флореското Море, а на североисток во Бандското Море.
Савуанско Море | |
---|---|
Laut Sawu | |
Савуанското Море во рамките на Југоисточна Азија | |
Подрачје | Југоисточна Азија |
Вид | море |
Етимологија | островот Саву |
Дел од | Индиски Океан |
Сливни земји | Источен Тимор, Индонезија |
Населени места | Купанг |
Достигнува длабочина до 3.500 м, а се протега 600 км од запад кон исток, и 200 км од север кон југ. Најголем град на неговите брегови е Купанг (450.000 жит.), главен град на покраината Источни Мали Сундски Острови сместен на островот Тимор.
Опфат
уредиСпоред Меѓународната хидрографска организација, Савуанското Море е една од водните површини на Источноиндискиот Архипелаг, со следниве граници:[1]
На север. По јужната граница на Флореското Море [северниот брег на Флорес, Комодо, Банта и линија до ’ртот Нару, североисточниопт крај на Сумбава, а оттаму по северниот брег до ’ртот Сарокџаја (8°22′S 117°10′E / 8.367° ЈГШ; 117.167° ИГД)] и Бандското Море [125° ИГД ... [на] Алор, а оттаму околу источниот крај, па долж северниот брег на островите Алор, Пантар, Лембата и Адонара, па од спротива до северниот крај на Флорескиот Проток до ’ртот Сербете на источниот крај на Флорес].
На југ. По линија од југозападниот крај на Тимор до североисточниот крај на Роти, преку овој остров до неговиот југозападен завршеток, а оттаму по линија до Пулу Дана (10°49′S 121°17′E / 10.817° ЈГШ; 121.283° ИГД) и до ’ртот Нгунџу, јужниот крај на Сумба и низ овој остров до ’ртот Каросо, неговиот западен завршеток.
На запад. Линија од ’ртот Каросо (Сумба) до Торо Доро (8°53′S 118°30′E / 8.883° ЈГШ; 118.500° ИГД) на јужниот брег на Сумбава.
Наводи
уреди- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 February 2010. (англиски)