Рутилиј Намацијан

Рутилиј Клавдиј Намацијан (латински: Rutilius Claudius Namatianus) - римски поет.

Животопис

уреди

Не е познато кога е роден Намацијан. По потекло бил од Галија, а во Рим бил на високи функции. Така, на почетокот на 5 век, тој бил управник на градот Рим, а потоа се вратил во Галија.[1]

Творештво

уреди

Од творештвото на Намацијан е сочувана само „Песна за враќањето“ (De reditu suo) во која, во елегиски дистих, го опишува своето несакано враќање по морски пат од Рим во Галија, во 416 година.[2] Во неа, Намацијан ја опејува некогашната моќ на Римското Царство, но и неговата неизбежна пропаст. Притоа, тој се прашува дали некогаш повторно ќе ги види луѓето и градовите кои му биле мили.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Rutilije Namacijan“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 104.
  2. Jevrosima Drašković, „Razvitak rimske lirike“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 114.