Цветна дршка
Цветната дршка (лат. Pedunculus) е оној дел од цветот со кој тој се прикрепува за стеблото на растението. Таа претставува еден интернодиум кој се наоѓа меѓу прицветниот лист и цветната ложа. Цветната дршка може да биде куса или долга, тенка или дебела или со низа други морфолошки одлики.