„Рој“ – југословенски филм од 1966 година, во режија на Миодраг Миќа Поповиќ, кој е автор и на сценариото, заедно со Борислав Михајловиќ Михиз. Главните улоги ги толкуваат: Мира Ступица, Раде Марковиќ, Светолик Никачевиќ, Данило Бата Стојковиќ, Оливера Катарина.[1]

Синопсис

уреди

За време на Првото српско востание, во 1804 година, во штотуку ослободената земја ѝ се суди на една Србинка, обвинета дека го предала својот маж на Турците. Во текот на судењето се плетат сложените нишки на вистината, сè додека еден мудар пчелар, Турчин, не ги согледа вистинските мотиви за предавството...

Наводи

уреди