Зборовниот редослед на ротумскиот е подмет-прирок-предмет, кој не е застапен во околните јазици. Јазикот е примамлив за јазичарите бидејќи во ротумскиот има метатеза, каде во еден збор се заменуваат местата на една од самогласките со согласката која е веднаш до нема. Тоа доведува до појава на прегласи, кратење или продолжување на должината на самогласките или добивање на дифтонзи.
Churchward, C.M. (1940), Rotuman Grammar and Dictionary, Sydney: Methodist Church of Australasia
Milner, George B. (1971), „Fijian and Rotuman“, Во Thomas A. Sebeok (уред.), Current Trends in Linguistics, 8: The Languages of Oceania, The Hague: Mouton, стр. 397–425
Saito, Mamoru (1981), A Preliminary Account of the Rotuman Vowel System, Cambridge: MIT Press