Роже Жилбер Леконт
Роже Жилбер Леконт (француски: Roger Gilbert-Lecomte, роден на 18 мај 1907 во Ремс - починал на 31 декември 1943 во Париз) — француски поет и писател, приврзаник на движењето надреализам.
Роже Жилбер Леконт | |
---|---|
Роден/а | 18 мај 1907 Ремс, Франција |
Починат/а | 31 декември 1943 Париз, Франција |
Занимање | поет, писател |
Државјанство | Французин |
Книжевно движење | Надреализам |
Биографија
уредиРоже Жилбер Леконт е роден на 18 мај 1907 во Ремс, Франција. Леконт заедно со Рене Домал, Роже Вајан и Жозеф Шима, бил соосновач на уметничкото друштво и списанието „Le Grand Jeu“.
Групата, поврзани со надреалистите, била исклучена од движењето на Андре Бретон. Жилбер Леконт користел дрога, особено морфиум. Како што било опишано во неговата поезија, смртта на писателот била резултат на инфекција предизвикана од валканите игли.
Дела
уреди- Le grand jeu (nos 1, 2, et 3)
- Testament (1955)
- Sacre et massacre de l'amour (1960)
- Tétanos mystique (1972)
- Lettres à Benjamin Fondane (1985)
- Monsieur Morphée empoisonneur public (1966)
- Corrrespondance (1971)
- Arthur Rimbaud (1971)
- L'horrible révélation… la seule (1973)
- Œuvres complètes, 2 volumes (1974-1977)
- Caves en plein ciel (1977)
- Neuf haï kaï (1977)
- Poèmes et chroniques retrouvés (1982)
- Mes chers petits éternels (1992)
- La vie, l'amour, la mort, le vide et le vent
- Joseph Sima (2000)
- Le miroir noir
Надворешни врски
уреди- Voir sa sépulture, in French Архивирано на 20 јули 2011 г.
- ROGERGILBERTLECOMTE.COM Архивирано на 26 април 2016 г..