Родопски конгрес
Родопскиот конгрес е конгрес на V-ти Ахчелебиско-Скечански реон на Одринскиот револуционерен округ на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, што се одржал на 5 и 6 јули 1903 година во месноста Свети Дух над село Карлуково кај денешниот град Смољан.
Спроведување на конгресот
уредиКонгресот на Петрова Нива бил одлучил за отцепување на самостоен V-ти реон. Родопскиот конгрес ги дискутираал одлуките донесени на Петрова Нива и пријавени од Христо Караманџуков - единствениот претставник од Родопите, кој учествувал на конгресот на Петрова Нива. Разговарано било и за подготовката и тактиката на претстојното востание, потврдила се структурата на регионот, и се формиарле вкупно пет борбени простора. Конгресот избрал и Боево тело со претседател Пејо Шишманов, секретар Никола Данаилов и член Христо Караманџуков.[1] Во склад со етничката структура на месното население, воената подготовка и недостатокот на оружје конгресот одлучил востанието во V-ти револуционерен реон да се ограничи главно со спроведување на саботажа акции.
Одредени биле просторите, војводите, подвојводите и знаменосците:
- Први простор - Пејо Шишманов, Никола Шишманов и Стефан Чакаров
- Втори простор - Андон Дечев и Аргир Мумџиев
- Трети простор - Никола Гумушев, Бечо Даракчиев и Константин Николов
- Четврти простор - Запрјан Начев
- Пети простор - Георги Гешанов
Избрана е и околиска чета со војвода Пејо Шишманов и подвојводата и знаменосец Никола Шишманов.
Извори
уреди- ↑ Караманджуков, Христо. "Западнотракийските бугари во своето културно-историско минато со посебен поглед на нивното политичко-револуционерно движење", Софија, 1934, стр 117 - 118.