Ровни (езеро)
Ровни е вештачко езеро во западна Србија, создадено со преградување на реката Јабланица и е најголемиот објект на регионалниот водостопански систем „Стубо-Ровни“.
Ровни | |
---|---|
Поглед на езеро | |
Вид | вештачко езеро |
Главни приливи | Јабланица и Сушица |
Главни истеци | Јабланица |
Сливни земји | Србија |
Површина | 10,4 км2 |
Најг. длабочина | 67 м |
Зафатнина | 0,0515 км3 |
Изградба
уредиАкумулацијата настанала во долините на реките Јабланица и Сушица и се наоѓа помеѓу селата Стубо и Ровни, на 15 километри од градот Ваљево. Изградбата на браната Стубо-Ровни започна во 1988 година, беше прекината во 1991 година и продолжи во 2001 година, а беше завршена во септември 2015 година. Се проценува дека во неговата изградба биле вложени околу 70 милиони долари.[1] Езерото е составен дел од регионалниот водостопански систем „Ровни“ наменет за водоснабдување на повеќе градови: Ваљево, Лазаревац, Лајковац, Уб и Мионица.
Опис и значење
уредиБраната има водоотпорно глинено јадро и има камен насип. Висока е 74,5 метри, долга 450 метри и широка во круната 8 метри, а количината на вграден материјал, глина и камен, е речиси 1,5 милиони кубни метри. Вкупниот волумен на акумулацијата е 51,5 милиони кубни метри, а максималната длабочина е 67 метри. Работите на браната и езерото ги изведуваа компаниите „Хидротехника-Хидроенергетика“ и „Енергопроект нискоградња“ од Белград, Србија.
Цевоводот долг 11820 метри носи сурова вода до фабриката за прочистување на водата за градот Ваљево.
Контроверзи
уредиСо изградбата на браната и полнењето на езерото е потопена црквата Свети Архангел Михаил во Тубравиќ, позната како „Ваљевска Грачаница“, што предизвикало полемики во јавноста.[2][3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ На јесен почиње пуњење бране Архивирано на 25 април 2016 г., У граду. инфо, 14. мај 2012.
- ↑ Верски екстремисти напали археолога и затрпали налазиште, Блиц, 23. септембар 2011.
- ↑ IKONE PLIVAJU U PRLJAVOJ VODI Potopljena i unutrašnjost manastira Valjevska Gračanica, Блиц, 9. март 2016.
Надворешни врски
уреди- Официјален сајт на ЈП „Колубара“ Ваљево
- Веб страна на компанијата Хидротехника-Хидроенергетика Архивирано на 28 март 2016 г.
- Веб страна на компанијата Енергопроект-Нискоградња Архивирано на 26 мај 2016 г.
- Браната Стубо-Ровни чека употребна дозвола (Политика, 22.07.2017)
- Браната Стубо - Ровни во завршна фаза по 30 години градба („Политика“, 25.01.2018)