Робер Дуано
Робер Дуано (француски: Robert Doisneau; француски изговор: [ʁɔbɛʁ dwano]) (14 април 1912– 1 април 1994)[1] бил француски фотограф. Во 30-тите години од 20 век, користел фотоапарат Leica на улиците на Париз. Заедно со Анри Картие-Бресон, тој е пионер на фотоновинарството.[2] Познат е по неговата слика од 1950 година насловена „Le baiser de l'hôtel de ville“ („Бакнеж кај градското собрание“), фотографија на две личности кои се бакнуваат на улиците на Париз. Во 1984, Робер Дуано ја добил титулата Chevalier de la Légion d'honneur (витез).[1]
Робер Дуано | |
---|---|
Дуано во неговото студио во Монруж, 1992 | |
Роден(а) | Робер Дуано Robert Doisneau 14 април 1912 Жантији, Париз |
Починал(а) | 1 април 1994 Монруж, Париз | (возр. 81)
Причина за смрт | Акутен панкреатит |
Почивалиште | Резу |
Националност | Французин |
Образование | École Estienne, дипломирал во 1929 |
Занимање | Фотограф, резбар |
Познат(а) по | Улична фотографија, (Le baiser de l'hôtel de ville (Бакнеж кај градското собрание)) |
Звање | Chevalier de la Légion d'honneur |
Сопружник | Пјерет (моминско презиме Шомезон) |
Деца | Анет (р. 1942) Франсин (р. 1947) |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Лин Ворен (Lynne Warren) (2006). Encyclopedia of 20th Century Photography. CRC Press. стр. 413–. ISBN 978-0-415-97665-7. Посетено на 14 април 2012.
- ↑ W. Scott Haine, Culture and Customs of France (London Greenwood, 2006), стр. 289
Надворешни врски
уреди„Робер Дуано“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Encyclopaedia Britannica, Robert Doisneau
- Website of the "Maison de la Photographie Robert-Doisneau" Архивирано на 2 март 2011 г.
- BBC News report on the auction of Le baiser de l'hôtel de ville
- Bruce Silverstein Gallery
Оваа биографска статија за личност од Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |