Ристо Вешков
Ристо Вешков (р. 8 јануари 1949 во Кавадарци) — македонски композинор и текстописец на македонски новосоздадени песни, кој живее и работи во Њу Џерси, Америка, веќе долги години. Најпозната негова песна е "Цветанке моја".
Ристо Вешков | ||
Роден | 8 јануари 1949 Кавадарци | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | композитор | |
Сопружник | Цветанка Вешкова |
Творештво
уредиВо 2007 година, песната посветена на неговата сопруга "Цветанке моја" била изведена на фестивалот Филиграни, во изведба на Зоран Дамјанов, која добила прво место од публиката. Во 2009 година, ја компонирал песната "Убава Македонка", која била во изведба на Сузана Гавазова, Зоран Дамјанов к група Луда Мара од Кавадарци на Филиграни кој освоиле трето место од публиката. Песната "Еј, судбино во езведба на Сузана Гавазова, била изведена на Филиграни која освоила прво место. во 2 Во 2014 година, компонира песна за Јасмина Мукаетова "Живеј живот свој". Во 2017 година, бил композитор на песната "Невернице" на Група Дрим Тим. Во 2022 година е автор на песната "Свирете ми труби" на Група Дрим Тим, која била изведена на Фолк Фест Роса. Во 2024 година, е автор на песната "Денес се менам јас" во изведба на Ориентал Бенд.