Сузана Гавазова

македонска турбофолк-пејачка

Сузана Гавазова (Струмица, 21 декември 1979) — македонска популарна турбофолк-пејачка. Има издадено повеќе од пет албуми и има снимено повеќе спотови.[1] Има одлична соработка со: Јовица Наумчевски, Виданка Ѓорѓиевска, Марјан Коцев, Ристо Стојанов, Атина Апостолова, Ванчо Тарабунов, Раде Нуневски, Ѓоко Јовиќ, Илија Филиповски, Ефто Пупиновски, Бендот на Браќа Нуне, Група Фортуна, Ристо Краповски и други.

Сузана Гавазова
Животописни податоци
Роден(а)21 декември 1979
Струмица, СФРЈ денеc Македонија
Занимањавокалист
Период на активност1998 - сè уште

Кариера уреди

Гавазова е родена на 21 декември 1979 година. Потекнува од струмичкото село Сушица. Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда. Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди. Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола. Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров, по што следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка. Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“, третиот со македонски староградски песни, и четвртиот албум "Бум Бум". Во 2017 година на Фолк Фест Роса излегува со песната "Опасна за око", која во 2018 снима спот за истата, во спотот главниот машки модел е: Стефан Лазаров. Во 2020 година ја промовира нејзината нова песна "Бум Бум" која за брзо време станува гомем хит. Во 2021 година следуваат нејзините нови песни "Прстен несуден", и "Аманет" која ја пее заедно со Јовица Наумчевски. Таа настапува со различни бендови со: "Балкан Бенд", "Група Академци", "Легато Бенд", Група Дрим Тим, Група Молика и други.

Спотови уреди

Спот Година Режисер
Краток лет 2008
Да се покаеш 2009
Лудо лето 2010
Докторе 2010
Мисица 2010
Зависна од тебе 2011
Кај што љубовта те води 2011
100 пати се караме 2011
Вечно мој 2012 Томе Табанов
Опасен 2012
Пијана и заљубена 2012
Сузе Сузана 2013 Box production
Умирам по тебе 2013
Македонка 2013 Box production
Празник е на љубовта 2015
Нишан 2016 Горан Костадинов
Само ти 2017 Николај Скерлев
Опасна за око 2018 ArtStudio
Камикази 2018 Дарио Јанковиќ
Хало 2018 Харис Дубица
Намазана 2019 NN media
Sećanje na tvoj greh 2019 Николај Скерлев
Џунгла 2019 Николај Скерлев
Бум,бум 2020 Ин продукција
Апсолутно мој 2020 Ин продукција
Прстен несуден 2021 Даниел Јовески,Ин продукција
Аманет 2021 Даниел Јовески,Ин продукција
Tik Tok 2024 Ин продукција
Далавера 2024 Даниел Јовески, Ин продукција

Тв верзии уреди

Верзија Година Режисер
Тактика 2019 Дарио Јанковиќ
Фолклорни спотови
Спот Година Режисер
Песна македонска 2006
Ти пеј песно 2006
Пеј животе пеј 2006
Збогум мајко 2009 Сара продукција
Могилска свадба 2009 Сара продукција
Мајка на Марика думаше 2009 Сара продукција
Таму долу Битола 2011 box production
Свадба весела 2011 box production
Не ми го лажи Ѓорги Марето 2014 box production
Праша ли Тинке мајка ти 2014 box production
Там дека има високи чардаци 2014 box production
Вино пијам ем ракија 2014 box production
Невесто 2014 box production
До три ми пушки пукнале 2014 box production
Убавото Стојне 2014 box production
Тино Мори 2014 box production
Церешна се од корен корнеше 2014 box production

Наводи уреди

  1. „Суазана Гавазова“. Estrada entertaiment. Посетено на 2011-06-22.[мртва врска]

Надворешни врски уреди