Рециклаторски музеј (Киев)
Рециклаторскиот музеј (украински: Музей вторсировини) е музеј кој се наоѓа во Киев, Украина. Музејот се наоѓа во просториите на компанијата за обработка на рециклирачки материјали „Київміськвторресурси“. Самата компанија врши собирање, преработка и рециклирање на хартија, пластика, текстил, гума и стакло, старо железо и обоени метали.
Основан | 1943 |
---|---|
Место | ул. Степан Сагајдак Киев, Украина |
Јавен превоз | Левобережна |
Овој музеј е еден од најинтересните во градот поради својата единственост и честопати се нарекува Музеј на бескорисни работи.
Музејот бил формиран во 1943 година на денот на основањето на фабриката. Во следните години музејот започнал постепено да се развива, бидејќи на многумина не им било јасно што всушност претставува оваа депонија. Со децении, луѓето ги продавале своите непотребни работи, кои денеска имаат непроценлива вредност. Така, некогашните непотребни предмети од домаќинствата денеска музејот ги има претворено во музејски експонати.
Едни од најинтересните места во музејот се статуите на најсилниот човек во светот, Иван Подубни како и оние на Ленин, потоа фризерскиот салон.
Посетата на музејот е бесплатна.