Рендал Манро
Рендал Патрик Манро (англиски: Randall Patrick Munroe) е програмер познат по неговиот семрежен стрип xkcd. Тој и неговиот семрежен стрип уживаат култен статус меѓу љубителите на такви стрипови. Тој е еден од малкуте автори на семрежни стрипови кои живеат од тоа.[1]
Рендал Манро | ||
Роден | Рендал Патрик Манро (Randall Patrick Munroe) 17 октомври 1984 Истон, Пенсилванија | |
---|---|---|
Националност | Американец | |
Познат | xkcd | |
Занимање | Цртач на стрипови |
Животопис
уредиМанро бил љубител на стрипови уште од мала возраст,[1] почнувајќи со Калвин и Хобс.[2] Матурирал во средното училиште за математика и наука во Клоувер Хил, а дипломирал физика на универзитетот Кристофер Њупорт во 2006.[3][4] Манро бил соработник на НАСА[5] пред и по дипломирањето. Во јануари 2006, неговиот договор со НАСА истекол и тогаш почнал да работи само на неговиот семрежен стрип, xkcd. Сега се издржува себеси со продавање на разна роба поврзана со xkcd.[1][6] Семрежнот стрип набргу станал многу популарен, достигнувајќи дури 70 милиони гледања на месец до октомври 2007.[7]
Манро држел говори на места како Googleplex, штабот на Google во Маунтин Вју, Калифорнија.[8]
Во декември 2006, Манро во знак на протест[9] им напишал чек на Verizon кој содржел сложен математички израз за да искаже $0,002.[10]
Манро живее во Сомерсвил, Масачусетс[1] и има двајца браќа: Даг[11] и Рики.[12]
Стрипот
уредиxkcd е семрежен стрип со теми од програмирање, математика, наука, јазик и романтика.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Cohen, Noam (2008-05-26). „This Is Funny Only if You Know Unix“. The New York Times. 0362-4331. Посетено на 2008-09-25.
- ↑ @Google Talks (venue). (2007-12-11) (Adobe Flash). Authors@Google: Randall Munroe. [Digital video]. Маунтин Вју, Калифорнија: Google. Се случува во 24:13. Archived on 2007-12-11. Грешка: If you specify
|archivedate=
, you must also specify|archiveurl=
. http://www.youtube.com/watch?v=zJOS0sV2a24. Retrieved 2008-09-25. "...Calvin and Hobbes was the first comic that I discovered. (Калвин и Хобс е првиот стрип што го открив.)" - ↑ Munroe, Randall. „About“. xkcd. Посетено на 2008-09-26.
- ↑ „582 students receive diplomas from Christopher Newport University“. Christopher Newport University. 2006-05-17. Архивирано од изворникот на 2008-06-11. Посетено на 2008-05-30.
- ↑ „Authors@Google: Randall Munroe“. @Google Talks. Маунтин Вју, Калифорнија: Google. 2007-12-11. Посетено на 2008-09-25.
- ↑ Fernandez, Rebecca (2006-10-12). „xkcd: A comic strip for the computer geek“. Red Hat Magazine. Рали, Северна Каролина: Red Hat. Посетено на 2008-09-25.
- ↑ So, Adrienne (2007-11-13). „Real Geek Heart Beats in Xkcd's Stick Figures“. Wired. Сан Франциско: Condé Nast Publications. 1059-1028. Посетено на 2008-09-25.
- ↑ Spertus, Ellen (2007-12-21). „Randall Munroe's visit to Google (xkcd)“. Beyond Satire. Архивирано од изворникот на 2008-10-05. Посетено на 2008-09-25.
- ↑ Vaccaro, George. „VerizonMath“.
- ↑ „The check“.
- ↑ Munroe, Randall. „Pillar“. xkcd.
- ↑ Munroe, Randall. „Egg Drop Failure“. xkcd. See mouseover text.
Надворешни врски
уреди„Рендал Манро“ на Ризницата ? |
- xkcd – страница на стрипот со врски до неговата продавница, форуми и благ (блог)
- xkcd-es Архивирано на 7 февруари 2010 г. – шпанска верзија на стрипот