Религија во Намибија
Религијата во Намибија има значајна улога во животот на земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис е христијанството со над 90% од вкупното население, додека втора по големина е исламот со околу 1-3%. Народите Химба и Бушмани сочинуваат помалку од 1% и 3% од населението и тие ги практикуваат домородните религии[1]. Во земјата денес функционираат странски мисионерски групи. Уставот предвидува слобода на религијата, а Владата во пракса го почитува ова право.
Христијанство
уредиПовеќе од 90% од населението се идентификуваат како христијани[1]. Најголемата христијанска група е Лутеранската црква, која е поделена на три цркви: Евангелско-лутеранска црква на Намибија, која произлегла од работата на финската евангелско-лутеранска мисија (порано позната како Финска мисионерска заедница) и која започнала во 1870 меѓу луѓето од Овамбо и Каванго; Евангелско-лутеранска црква на Република Намибија, која произлегла од работата на Рајнското мисионерско друштво од Германија кое започнало да работи во областа во 1842 година и Германска евангелско-лутеранска црква на Намибија. Во 2007 година, трите цркви го формирале Обединетиот црковен совет на лутеранските цркви во Намибија, со крајна цел да станат една црква[2].
Втората најголема христијанска деноминација е Римокатоличката црква. Исто така, има помал број англиканци, Баптисти, Методисти, Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, Нова апостолска црква, Адвентисти на седмиот ден, Пентекости итн. Холандската Реформирана Црква од Намибија претежно е составена од членови на етничката група Африканер.
Останати
уредиДруги религии што се практикуваат во земјата се исламот, јудаизмот, будизмот и бахајството. Верниците на овие религиозни групи се претежно имигранти, потомци на имигранти или неодамнешни преобратеници. Тие претежно живеат во урбаните средини. Во земјата има неколку атеисти. Муслиманите во Намибија се речиси исклучиво сунити. Вкупниот број на муслимани во земјата е спорен. Проценките се движат од помалку од 1% до 3%[3]. Еврејската заедница има околу 100 членови[4].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 International Religious Freedom Report 2007: Namibia. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-02-08. Посетено на 2017-06-21.
- ↑ IslamOnline.net- News
- ↑ „Namibia: Virtual Jewish History Tour“. Jewishvirtuallibrary.org. Посетено на 2013-08-01.