Региони во Чиле
Чиле се дели на 15 региони (шпански: regiones; едн. región), кои претставуваат врховна административна единица на државата. На чело на секој регион стои настојник (intendente), кој го назначува претседателот, како и посредно избрано тело наречено „регионален совет“ (consejo regional).
Регионите потоа се делат на покраини. Со секоја покраина раководи управник (gobernador), кој е исто така назначен од претседателот. Во земјата има вкупно 54 покраини. Секоја покраина се состои од општини.
Редни броеви
уредиСекој регион има римска бројка пред самото име (на пр. IV Región de Coquimbo - „Четврти регион Кокимбо“). При создавањето на регионалната поделба на земјата, властите згодно ја поделиле земјата на набројани региони од I (најсеверен) до XII (најјужен). Престолнинскиот регион во средината на земјата ја носел посебната ознака „RM“, (Región Metropolitana) наместо бројка. Во поново време овој правилен редослед е нарушен со создавањето на XIV регион на југ и XV на север (XIII не се користи) во 2007 г.
Список на региони
уредиБрој | Име | Админ. центар | Површина (км2) | Население |
---|---|---|---|---|
Тарапака Región de Tarapacá |
Икике | 42.225,8 | 298,257 | |
Антофагаста Región de Antofagasta |
Антофагаста | 126.049,1 | 542.504 | |
Атакама Región de Atacama |
Копјапо | 75.176,2 | 290.581 | |
Кокимбо Región de Coquimbo |
Ла Серена | 40.579,9 | 704.908 | |
Валпараисо Región de Valparaíso |
Валпараисо | 16.396,1 | 1.723.547 | |
О'Хигинс Región del Libertador General Bernardo O'Higgins |
Ранкагва | 16.387 | 872.510 | |
Мауле Región del Maule |
Талка | 30.296,1 | 963.618 | |
Биобио Región del Bío-Bío |
Консепсион | 37.068,7 | 1.965.199 | |
Арауканија Región de la Araucanía |
Темуко | 31.842,3 | 907.333 | |
Лос Лагос Región de Los Lagos |
Пуерто Монт | 48.583,6 | 785.169 | |
Ајсен Región Aisén del General Carlos Ibáñez del Campo |
Kojajke | 108.494,4 | 98.413 | |
Магаљанес Región de Magallanes y de la Antártica Chilena |
Пунта Аренас | 132.291,1 | 159.152 | |
Њубле Región de Ñuble |
Чиљан | 13.178,5 | 480.609 | |
Лос Риос Región de Los Ríos |
Валдивија | 18.429,5 | 363.887 | |
Арика и Паринакота Región de Arica y Parinacota |
Арика | 16.873,3 | 213.595 | |
Престолнински регион Región Metropolitana de Santiago |
Сантјаго | 15.403,2 | 6.683.852 |
Напомена: Податоците за населението се однесуваат на пописот од 2012 г.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „За Чиле“. Комисија за странски инвестиции на Владата на Чиле. Архивирано од изворникот на 2020-03-26. Посетено на 19 ноември 2013. (англиски)