Рајо, Гајо и Влајо
Рајо, Гајо и Влајо (англиски: Huey, Dewey, and Louie — Хјуи, Дјуи и Луи) — тројца браќа пајчиња, кои се јунаци на цртаните филмови и стриповите на компанијата Волт Дизни. Создадени се од уметниците на Дизни, Тед Озборн и Ал Талијаферо. Тие првпат се појавиле во колумна за стрип во весник на 17 октомври 1937 г. Првото појавување како цртани ликови се случило во цртаниот филм „Внуците на Пајо“ (англ. Donald's Nephews), објавен на 15 април 1938 г.[1] Рајо, Гајо и Влајо се внуци на Пајо Паторот, синови на Дела Паторот и правнуци на Бајо Паторот.[2]
Рајо, Гајо и Влајо | |
---|---|
Прво појавување | Внуците на Пајо (цртан филм, 1938) |
Создавач | Ал Талијаферо Карл Баркс |
Ликовен осмислувач | Карл Баркс |
Разработени од | Карл Баркс Џек Кинг |
Информации | |
Пол | машки |
Наводи
уреди- ↑ „Вечниот Пајо Патор слави 80-ти роденден – DW – 9.06.2014“. dw.com. Посетено на 2023-03-07.
- ↑ Comic Vine, retrieved October 31, 2014. (Character database was searched by most appearances.)
Надворешни врски
уреди„Рајо, Гајо и Влајо“ на Ризницата ?