Рајан Вајт (англиски: Ryan White; 6 декември 1971 - 8 април 1990)[1] — американски симбол за борба против СИДА-та и предрасудите кои ги следеле болните. Како хемофиличар, инфициран бил со заразена крв. Откако му била дијагностицирана СИДА-та во 1984 година, учениците и наставниците од средното школо во неговиот роден град Кокому во Индијана се побуниле и побарале да биде исфрлен од школото, и покрај зборовите на докторите дека Вајт не е опасен по околината. Неговата долгогодишна правна борба со школскиот систем била широко медиумски покриена, а во медиумите се појавувал заедно со славни личности како Елтон Џон и Мајкл Џексон. Наместо 6 години, колку што му прогозирале докторите кои му ја дијагностицирале СИДА-та, Рајан Вајт живеел уште 5 години. Набрзо по неговата смрт, август 1990 година американскиот конгрес донел закон со кој се обезбедуваат средства за лечење на сиромашните граѓани заболени од СИДА.

Рајан Вајт
Рајан Вајт за време на добротворен настан во Индијанаполис (Индијана) пролетта 1989 г.
Роден(а)Рајан Вејн Вајт
6 декември 1971(1971-12-06)
Кокомо (Индијана), САД
Починал(а)8 април 1990(1990-04-08) (возр. 18)
Индијанаполис (Индијана), САД
Причина за смртКомпликации настанати поради СИДА
Родители
  • Џин Елејн Хејл
  • Хјуберт Вејн Вајт
Страница
ryanwhite.com

Битка со школото

уреди

Западното средно училиште во Рашанвил се соочило со огромен притисок од многу родители и наставниот кадар за да му забранат на Вајт пристап до училишните простории откако неговата дијагноза станала јавно позната. 117 родители (од училиштето со вкупно 360 ученици) и 50 наставници потпишале петиција за да се потикнат училишните водачи да му забранат на Вајт да го посетува училиштето. Поради широко распространетиот страв и непознаеност за СИДА-та, директорот, а подоцна и училишниот одбор подлегнаа на овој притисок и му забраниле на Вајт да се школува во тоа училиште. Вајтовото семејство поднело тужба за да се укине забраната. Вајтови првично поднеле тужба до Окружниот суд на САД во Индијанаполис. Судот, сепак, одбил да го разгледа случајот сè додека административните жалби не биле решени.[2] На 25 ноември, службеник на Министерството за образование на Индијана пресудил дека училиштето мора да ги следи насоките на Одборот за здравство на Индијана и дека Вајт мора да присуствува на наставата во училиштето.[2] Децата со СИДА сѐ уште биле реткост, особено во времето на кога Вајт бил исфрлен од училиштето, центрите за контрола на болести знаеле за само 148 детски случаи на СИДА.[3] Многу семејства во Кокомо верувале дека со неговото присуство претставувал неприфатлив ризик. Кога на Вајт му било дозволено да го посетува училиштето при само еден ден во февруари 1986, 151 од 360 ученици останале дома. Тој исто така работел како доставувач на весници, и многу луѓе ги откажале нивните членства, верувајќи дека ХИВ-вирусот може да се пренесе преку печатена хартија.

Државниот здравствен службеник на Индијана, д-р Вудро Маерс, кој имал долгогодишно искуство со лекување на заболени од СИДА во Сан Франциско, и центарот за контрола на болести го известиле училишниот одбор дека Вајт не претставува ризик за другите ученици, но училишниот одбор и многу родители ги запоставувале нивните изјави.[3] Во февруари 1986 година, весникот за медицина „Нова Англија“ направил истражување на примерок од 101 човек кои живееле три месеци во близок но не и сексуален контакт со луѓе кои биле заболени од СИДА. Истражувањето покажало дека ризикот од инфекција бил „минимален до непостоечки“, дури и кога во контактот биле вклучени споделување на четки за заби, жилети, облека, чешли, чаши за пиење, спиење на ист кревет и гушкање и бакнување.[3] Кога Вајт е конечно повторно примен во април, група на семејства ги повлекле своите деца и ги запишале во други училишта.[4] Заканите за насилство и тужби продолжувале и понатаму. Според мајката на Вајт, луѓето на улица кон Рајан често довикувале „знаеме дека си хомосексуалец“. Уредниците и издавачите на „Кокомо Трибун“, кои го поддржувале Вајт уреднички и финансиски, исто така биле нарекувани хомосексуалци и добивале закани за смрт поради нивната поддршка. Други мислеле дека таквата поддршка била лицемерна и со спротивен ефект, оние непријатни изјави дека Рајан мора да биде хомосексуалец за да се зарази со ХИВ, исто така тврделе дека вирусот на ХИВ може да се пренесе преку секојдневниот контакт.

Вајт се школувал во Западното средно училиште во осмо одделение во периодот 1986-87, но бил длабоко несреќен и имал неколку пријатели. Училиштето барало тој да јаде со еднократен прибор, да користи посебна бања, и самиот се откажал од барањето да се запише во гимнастичарскиот клас. Заканите продолжиле. Кога еден куршум бил испукан кон дневната соба на Вајтови, семејството одлучило да го напушти Кокомо. Откако завршила учебната година, неговата фамилија се преселила во Сисеро, Индијана, каде Вајт се запишал во Средното училиште „Хамилтон Хајтс“. На 31 август 1987 година, „нервно растревожениот“ Вајт бил пречекан од страна на директорот на училиштето Тони Кук, школскиот системски надгледувач Боб Г. Карнал, и мал број на ученици кои биле запознаени и школувани СИДА-та и не се плашеле да се ракуваат со Вајт.[5]

Наводи

уреди
  1. „A Timeline of Key Events in Ryan's Life“. Ryanwhite.com. Архивирано од изворникот 2007-10-12. Посетено на 2009-12-02.
  2. 2,0 2,1 „Chronology of Ryan White's Fight to Attend School“. United Press International. November 25, 1985.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Domestic news“. Associated Press. July 31, 1985.
  4. „Alternative School Opens in AIDS Scare“. The Washington Post. April 23, 1986.
  5. Richardson, Fran (August 31, 1987). „AIDS Schoolboy Says First Day At New School Went 'Great'“. Associated Press.

Надворешни врски

уреди