Раѓањето на трагедијата
Раѓањето на трагедијата (германски: Die Geburt der Tragödie aus dem Geiste der Musik) - книга на германскиот филозоф Фридрих Ниче од 1872 година.
Содржина
уредиОсврт кон делото
уредиНиче го објаснува своето дело „Раѓањето на трагедијата“ во својата книга „Ecce Homo“ во која тврди дека праведниот однос кон делото бара нешто од него да биде заборавено. Всушност, според него, ова дело најмногу ја фасцинирало јавноста токму со она што во него е погрешно и дека тоа е виновно за високото мислење на културната вредност на вагнеровското движење. Според Ниче, вистинскиот наслов на делото би бил „Грчката култура и песимизмот“, зашто тоа докажува дека преку трагедијата Грците расчистиле со песимизмот. Исто така, Ниче тврди дека „Раѓањето на трагедијата“ е многу несовремено дело, политички индиферентно, негерманско, дека мириса хегеловски, а во некои формули е извалкано од парфемот на Шопенхауер. Тоа било зачнато за време на Битката кај Верт, т.е. за тие проблеми размислувал пред ѕидините на Мец, додека ги негувал болните. Според Ниче, ова дело носи две новини: разбирањето на дионизискиот феномен, како корен на сите грчки уметности и разбирањето на сократизмот како орудие на грчкото распаѓање. Книгата ги негира сите естетички вредности, истакнувајќи го дионизискиот симбол како крајна граница на афирмацијата. Притоа, Ниче тврди дека токму оние морални вредности што се оспорени од христијанството се од бескрајно повисок ред. Врз таа основа, Ниче се прогласува себе за прв трагичен филозоф, како спротивност на песимистичкиот филозоф.[1]
Наводи
уреди- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 83-90.