Рашид Ликароски
Рашид Ликароски ( 1899 во Пласница, Порече — 3 август 1943 во Кичево) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Рашид Ликароски | ||
Роден | 1899 година Пласница, Порече | |
---|---|---|
Починал | 3 август 1943 година на пат за Кичево Стрелан од бугарските фашисти |
Животопис
уредиБил роден во 1899 година во селото Пласница кај Македонски Брод. По занимање бил земјоделец и активен учесник во НОБ. Во една акција, носејќи храна за партизаните, бил фатен од бугарските контрачетници на Козјак. Оттаму бил спроведен од околиското началство, во затвор во Македонски Брод. По долго измачување бил изведен надвор и убиен на пат кон Кичево на 3 август 1943 година од страна на бугарските фашисти.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.242
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |