Рауф Денкташ
Рауф Раиф Денкташ (турски: Rauf Raif Denktaş) (Пафос, Кипар, 27 јануари 1924 - Левкозија, Турска Република Северен Кипар, 13 јануари 2012) беше кипарски политичар од Партијата на национално единство, претседател на Северен Кипар од 1976 до 2005 година.
Тој е роден на 27 јануари 1924 година во Пафос. Од крајот на 1940-те години работел како адвокат, а подоцна како обвинител. Во 1957 година, бил меѓу основачите на Турската организација на отпорот која се противи на плановите за пристапување на Кипар кон Грција и наскоро се претворил во еден од водачите на турското малцинство во земјата. Во 1974, во Кипар е извршен прогрчки воен удар и Турција го окупирала северниот дел на островот. Две години подоцна, Денкташ е избран за претседател на Северен Кипар и останува на оваа функција до 2005 година, кога се повлече од политичкиот живот.
Денкташ почина на 13 јануари 2012 година во северниот дел на Левкозија.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |