Растафаријанство

(Пренасочено од Растафара движење)

Растафаријанствомонотеистичко, Авраамско, религиозно[1] или социјално движење[2], кое се развило во христијанската култура во Јамајка во 1930-тите години[3][4]. Приврзаниците чиј култ е Хајле Селасие, поранешен Цар на Етиопија (1930-1936 и 1941-1974)[5], се наречени Растафаријани или Расти.

Растаите често го употребуваат знамето на Етиопија кое било користено за време на владеењето на Хајле Селасие.

Движењето понекогаш е нарекувано и „Растафаријанизам“, но овој термин некои Расти го сметаат за понижувачки и навредлив, кои не сакаат да бидат обележувани со наставката „изам“ Дел од учените, движењето го нарекуваат секта,[6], додека некои го поврзуваат со култ [7], додека пак Енис Едмундс го карактеризира како ревитализациско движење[2] . Растафаријанството не е високо организирана религија: тоа е движење и идеологија. Многу Растафаријани велат дека тоа воопшто не е религија, туку „начин на Живеење[8][9]. Повеќето Растафаријани не признаваат никакви секти и вероисповести, па така се охрабруваат едни со други да најдат верба и инспирација во самите себе.

Името растафаријанството е преземено од Рас Тафара, предвладеечката титула на Хајле Селасие, составено од Амхарик Рас (во превод „Глава“, етиопски еквивалент на Војвода) и од презимето на Свети Селасие, Тафари[10]. Растафаријаните се истакнати по тоа што тврдат дека Свети Селасие, поранешниот и последен етиопски цар, е друга инкарнација на христијанскиот Бог, наречен Џа. Тие го гледаат Свети Селасие како Џа или Џа Растафари, кој е Второ пришествие на Исус Христос на земјата[11][12].

Растафаријанството вклучува и активности како спиритуално конзумирање на канабис[13] и отфрлање на западното општество (наречено Бабилон, кое повеќе се однесува на христијанскиот метафоричен Бабилон, отколку на месопотамската град-држава)[14]. Ја прокламира Африка (исто така наречена „Зајон“) како родно место на човечкиот вид.

Денес, сознанието за растафаријанството е распространето низ целиот свет, преку заинтересираноста која ја предизвикала реге музиката- најевидентно од страна на јамајскиот пејач и композитор Боб Марли. До 1997, имало околу милион верни Растафаријани низ светот. Од пет до десет проценти од Јамајчаните се произнесуваат како Растафаријани.

Светски гледишта и верувања уреди

Бог уреди

Растафаријаните се монотеисти, се поклонуваат на еден единствен Бог кој го нарекуваат Џа. Растите го гледаат Џа како битие во форма на Светото Тројство, односно Бог кој е Таткото, Синот и Светиот Дух. Растите веруваат дека во форма на Светиот Дух (инкарнација), живее меѓу луѓето, и токму затоа тие често себеси се нарекуваат „Јас и Јас“. Освен тоа,„Јас и Јас“ го користат наместо „Ние“, и се користи на овој начин за да се изрази еднаквост помеѓу луѓето, признавајќи дека Светиот Дух внатре во нас, сите не прави исти и во суштина едно.

Некои Растафаријани го прифаќаат христијанското верување дека Бог се инкарнирал на земјата во формата на Исус Христос, за да го пренесе своите учења на човештвото. Како и да е, тие често велат дека неговите учења биле изопачени од Бабилон.

Свето Тројство уреди

Раста верувањето го опфаќа Светото Тројство вклучувајќи потенцирање на Свети Селасие, значењето на „Моќта на Тројството“ или „Силата на Тројството“ во Ге’ез- името кое му е дадено на Рас Тафари по неговото крштевање, и подоцна се сметало за дел од неговото владеечко име со кое се здобил на 2 ноември 1930 на неговото крунисување од страна на Етиопската Православна Црква.

Зајон наспроти Бабилон уреди

Растафаријаните тврдат дека Зајон (односно Африка, посебно Етиопија) е земјата која Џа ним им ја ветил. За да го достигнат ова, тие го отфрлаат модерното западно општество, кое го нарекуваат Бабилон, кое го гледаат како бесконечно корумпирано.

Лавот уреди

Лавот е знак на Свети Селасие. Исус Христос во Библијата е опишан како „Лавот на Јуда“, и поради таа причина, Свети Селасие го гледаат како реинкарнација на Исус.

Ганџа/Канабис уреди

За растите, пушењето канабис, често познат како „трева“, „грас“, „синсемила“ е спиритуален чин, често придружуван од Библиски учења, кој се смета за причестување кое го прочистува телото и умот, лекува душата, носи задоволство, и ги доближува до Џа.

Литература уреди

Наводи уреди

  1. Clarke 1986, стр. 11; Edmonds 2012, стр. 92; Sibanda 2016, стр. 182.
  2. 2,0 2,1 Edmonds 2012, стр. 92.
  3. Edmonds 2012, стр. 113.
  4. Ryman, Cheryl (2014). „Kumina“. Во Horn, David; Shepherd, John (уред.). Bloomsbury Encyclopedia of Popular Music of the World, Volume 9: Genres: Caribbean and Latin America (англиски). Bloomsbury Publishing. ISBN 9781441132253.
  5. Edmonds 2012, стр. 32.
  6. Barrett 1997, стр. viii.
  7. Cashmore 1983, стр. 6.
  8. Cashmore 1983, стр. 188; Edmonds 2012, стр. 92.
  9. Stephen D. Glazier. Juergensmeyer, Mark K.; Roof, Wade Clark (уред.). Encyclopedia of Global Religion. Sage. стр. 614. ISBN 978-0761927297. Посетено на 10 March 2017.
  10. Barrett 1997, стр. 82; Edmonds 2012, стр. 32.
  11. Edmonds 2012, стр. 36.
  12. Clarke 1986, стр. 67.
  13. Clarke 1986, стр. 88; Edmonds 2012, стр. 54.
  14. Edmonds, p. 61.

Надворешни врски уреди