Расенгул (планински врв)

Расенгул

Поглед на врвот Расенгул
Висина &100000000000023830000002.383 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Расенгул — планинскиот врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.383 метри.

Местоположба и одлики

уреди
 
Поглед на врвот Расенгул (лево) со Венечно Езеро и Радика Планина во позадината

Расенгул е висок планински врв во јужниот дел на главното планинско било и срт на Шар Планина, кој ја претставува и најјужната точка на планинскиот гребен на огранката Враца, во непосредна близина на двата величествени шарпланински врвови Мала и Голема Враца на север[1]. Со својата височина од 2.382 метри и карпестиот гребен по сртот, Расенгул го претставува последниот јасно истакнат стрмен и висок врв на Шар Планина, после кој на југ следат последните поблаги и целосно тревнати врвови Фудан, Лера и Морава со кој завршува шарската планинска верига на југ[1]. Непосредно на север по сртот од Расенгул се издигнува врвот Мала Враца, на југ е пространата и широка долина Идризова Дупка која продолжува во Аџина Река, кон запад се отвораат високите Горно и Долно Луково Поле со изворишното подрачје на Радика, додека веднаш непосредно на исток е изворот на реката Маздрача. Веднаш на југ под самиот врв Расенгул помеѓу малиот гребен Венец се наоѓа и постојано ледничко езеро, а пак веднаш на север на подножјето се двете Дефски езера. Непосредно веднаш под самиот врв Расенгул на југ поминува и планинарската патека на првата Западна македонска трансверзала (ЗМТ) водејќи од Шутман и продолжувајќи кон Лера и Маврово[1]. Оддалеченоста на врвот Расенгул од попристапните патишта и населени места е многу голема, па најдобра можност за пристап е преку земјените патишта од Стрезимир во долината на Штировица и преку Торбешки Мост и Аџина Река на југозапад или од селото Горно Јеловце на југоисток. Глетката од врвот Расенгул ја опфаќа цела Шар Планина, Кораб, Дешат со Крчин, Бистра, Стогово, Сува Гора, и зад неа планинскиот масив на Мокра со Солунска Глава додека на другата страна погледот досегнува и до Проклетие[1].

Искачување

уреди

Tрансверзална тура: Торбешки Мост - Божино - Радика Планина - врв РАСЕНГУЛ - Венец - Будимов Гроб - Менгова Кула - Рамен Камен - с.Д.Јеловце

  • Должина: 30 километри[1]
  • Опис на патеката: Започнува со движење малку после бачилото на 300 метри од месноста Торбешки Мост на земјениот пат од Стрезимир (Кораб) кој оди за Рестелица во Косово од каде над долот на Црн Камен скршнуваме и се искачува кон север и североисток обиколувајќи го целиот тревнат гребен Божино од каде стигнува на преслапот Ќафа е Кадис (1860 м.). По тревната падина и колските траги се искачува во североисточен правец по Радика Планина веднаш на Горно и Долно Луково Поле, каде ја пресекуваме патеката на Западната Македонска Трансверзала (ЗМТ) и се искачува на нејзиниот највисок карпест врв (2404 м.н.в.) по што по тревнатиот срт слегува во јужен правец и пак се искачуваме на врвот Расенгул (2382 м.н.в.). По тревнатиот срт минува под врвот Венец (2262 м.н.в.) под кого се наоѓа прекрасно бистро природно (веројатно повремено?!) Венечно езеро, по што по колски траги и убав широк пат по тревнатите падини во источен и југоисточен правец оди уште 10-ина километри низ пределите над Идризова Дупка, Будимов Гроб, Менгова Кула сè до врвот Рамен Камен, од каде навлегува во шумата и спуштајќи се низ шумовитата падина и пресекувајќи го патот на Шарски Води задршува во гостиварското село Долно Јеловце[1].
  • Правец на движење: Торбешки Мост – Божино – Ќафа Кадис – Радика Планина – Расенгул – Венец – Маздрача – Будимов Гроб – Менгова Кула – Рамен Камен – Долно Јеловце
  • Времетраење: 12 часа[1]
  • Вкупна висинска разлика: 1663 метри[1]
  • Тежина: среднотешка; воопшто нема тежина од аспект на техничка спремност, се оди се по тревнати падини без многу голема стрмнина и наклон, потребна е физичка спремност за многу долго пешачење[1].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Шаревски, Марио (2021). Планински врвови во Македонија. Скопје: Единствена Македонија. стр. 143–145. ISBN 978-608-66336-2-2.