Ранула е тип на мукокела што се наоѓа на дното на устата. Ранулите се презентираат како оток на ткивото кое е исполнето со колекција на муцин од руптурирана плунковна жлезда, причинета од некоја локална траума. Доколку е мала и асимптоматска, нема потреба од понатамошен третман, и обратно, ако е голема и причинува болна клиничка манифестација, тогаш е индициран орален хируршки третман.

Ранула
СпецијалностOral surgery Уреди на Википодатоците

Класификација уреди

Ранулата е тип на мукокела, што значи дека истата може да се класифицира како нарушување на плунковните жлезди. Вообичаено ранулата е локализирана на подот на усната празнина (опишан под името „едноставна ранула“).[1] Невообичаена варијанта е цервикалната ранула, каде што отокот примарно е локализиран во вратот, наместо на подот на усната празнина.[2] Честопати терминот ранула се користи и за други слични отоци на подот на усната празнина, како што се вистинската циста на плунковниот канал, дермоидната циста и цистичната хигрома. Латинскиот збор rana што буквално значи „жаба“ (ранула=„мала жаба“).

Знаци и сипмтоми уреди

 
Ранула кај жени

Ранулата најчесто се презентира како полупроѕирно син, со облик на купола, флуктуирачки оток во ткивото на подот на усната празнина. Ако лезијата е подлабока, тогаш има поголемо истенчување на ткивото кое што се издвојува од усната празнина и сината транспарентност не е толку забележлива. Ранулата може да прогредира во многу поголема лезија од неколку сантиметри во пречник, што резултира со подигање на јазикот и контакт со отокот што води до дисфагија. Отокот не е фиксиран, може да нема никакво пребојување и е безболен сè до оној момент кога ќе настане секундарна бактериска инфекција. Најчеста локализација е латерално од средната линија, што е впрочем и полесно при диференцијалната дијагноза на дермоидната циста, која се наоѓа на средната линија. Цервикалната ранула се презентира како оток во вратот, со или без оток во устата. Заедничко со останатите мукокели е тоа што ранулата може да се руптурира и да предизвика дополнителни повторувачки отоци. Ранулите може да бидат асимптоматски, иако истите може да флуктуираат за краток период и да пораснат во големина, да се намалат или пак да отечат, што ги прави потешки за дијагностицирање.

Содржина на ранула уреди

Течноста во ранулата има содржина со слична вискозност и одлики на желе како во белката на јајцето.

Причини уреди

Помалите трауми на подот на усната празнина може да ги оштети поризичните канали кои дренираат плунка од подјазичните плунковни жлезди во оралната празнина.[3] Лезијата е цистична мукозна екстравазација (мукокела) на подот на устата, иако ранулата најчесто е поголема од останатите мукокели (најчесто мукокелата е потенка).[4] Можат да пораснат толку големи и да ја исполнат во целост усната празнина. Најчестиот извор на истекувањето на муцин е подјазичната плунковна жлезда, но ранулите можат да се формираат и од каналот на подвиличната жлезда или помалите плунковни жлезди во подот на усната празнина. Цервикалната ранула настанува кога излезениот муцин се излева преку миохиодиниот мускул,[2] што го двои подјазичниот простор од подмандибуларниот простор и го формира отокот во вратот. Може да настане и поради руптура на едноставната ранула.[5] Поретко, ранулите можат да се прошират кон назад и да стигнат до парафарингеалниот простор.[5]

Дијагноза уреди

Патохистолошкиот наод е сличен со мукокелите од останатите локации. Муцинот причинува да се формира гранулирано ткиво, кое најчесто содржи пенести хистиоцити.[2] Со ултразвук и магнетна резонанца полесно се дијагностицира лезијата.[5] Мали сквамозни канцерогени глетки кои го обструираат Вартониовиот канал треба да се проценат со повеќе клинички испитувања за да се диференцираат од ранулата.[6]

Критериуми за дијагноза уреди

  • Најчесто кај мали деца и адолесценти, двата пола се подеднакво зафатени. Оток на подот на усната празнина , кој може да биде болен. Најчесто унилатерален, на едната страна од френулумот.
  • Обликот е сферичен.
  • Големината варира од 1-5 сантиметри во пречник.
  • Бојата е бледо сина со одлики на полу транспарентен приказ.
  • Површината е мазна и мукозната мембрана е подвижна над отокот.
  • Присутна е осетливост.
  • Тестот на флуктуација е позитивен.
  • Трансилуминантниот тест е позитивен.
  • Цервикалните лимфни јазли не се зголемени.
  • Може да има и проширување во вратот.

Терапија уреди

Терапијата за ранулите најчесто вклучува отстранување на подјазичната жлезда. Операција може и да не е индицирана доколку ранулата е мала и асимптоматска.[3] Во случаи кога интраоралната лезија е отворена кон оралната празнина, се користи и марсупилација при што главна цел е да се обнови врската помеѓу подјазичната жлезда со оралната празнина.

Компликации уреди

  • Инфекција
  • Повторувачка траума
  • Прскање и повторно формирање
  • Дисфагија (во случаи на голема ранула)

Епидемиологија уреди

Лезијата најчесто се јавува кај деца.[3] Ранулите се најчести патолошки лезии поврзани со патологија на подјазичните жлезди.[4]

Наводи уреди

  1. Shaw, JHF. „Salivary Gland Surgery“. unsupplied. Архивирано од изворникот на 2013-02-08. Посетено на 8 February 2013.
  2. 2,0 2,1 2,2 Bouquot, Brad W. Neville , Douglas D. Damm, Carl M. Allen, Jerry E. (2002). Oral & maxillofacial pathology (2.. изд.). Philadelphia: W.B. Saunders. стр. 391–392. ISBN 0721690033.
  3. 3,0 3,1 3,2 Newlands, edited by Cyrus Kerawala, Carrie (2010). Oral and maxillofacial surgery. Oxf ord: Oxford University Press. стр. 199. ISBN 9780199204830.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  4. 4,0 4,1 Hupp JR, Ellis E, Tucker MR (2008). Contemporary oral and maxillofacial surgery (5. изд.). St. Louis, Mo.: Mosby Elsevier. стр. 410–411. ISBN 9780323049030.
  5. 5,0 5,1 5,2 La'Porte, S. J.; Juttla, J. K.; Lingam, R. K. (14 September 2011). „Imaging the Floor of the Mouth and the Sublingual Space“. Radiographics. 31 (5): 1215–1230. doi:10.1148/rg.315105062. PMID 21918039.
  6. „Case 1: What is that in your mouth?“. Paediatrics & Child Health (англиски). 11 (2). 2006-02-01.