Плунковни жлезди
(Пренасочено од Плунковна жлезда)
Плунковните жлезди (латински: glandullaе salivales) се егзокрини жлезди кои лачат плунка. Ги има три пара, од кои најголеми се доушните (glandullaе parotis), помали се подјазичните (glandullae sublingvalis), додека најмали се подвиличните (glandullae submandibularis). Исто така, во слузокожата од ѕидот на усната празнина се наоѓаат голем број мали т.н. букални плунковни жлезди.
Плунковни жлезди | |
---|---|
Salivary+Glands | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | glandulae salivariae |
TA | A05.1.02.002 A05.1.02.013 |
FMA | 9597 FMA:95971, 9597 |
Дигестивниот сок на овие жлезди е плунката. Дневно излачуваат околу 1 - 1,5 l плунка, во зависност од конзистенцијата на храната (сува, течна).
Плунката е производ на лачењето на трите пара главни плунковни жлезди и големиот број мали жлезди од слузницата на устата, јазикот и голтката.[1]
Главни плунковни жлезди
уреди- Подвилични плунковни жлезди се сместени под долна вилица, а излачениот секрет кој е мешан (серомукозен) преку канал го излеваат во усна празнина во близина на коренот на јазикот. Овие жлезди се двојно инервирани и од симпатикусот и од парасимпатикусот.
- Подјазични плунковни жлезди се сместени под јазикот, а според својата градба и функција се слични на подвиличните. Разликата е во тоа што секретот содржи многу повеќе муцин па се вбројуваат во мукозни жлезди. Испусните канали на оваа жлезда ја излеваат плунката во основата на усна празнина. Инервацијата е иста како кај претходните жлезди.
- Задушни плунковни жлезди се наоѓаат во паротидната јама што се наоѓа во пределот зад увото. Главно лачат серозна плунка. Испусниот канал ја излева плунката во висина на вториот катник на горна вилица.[2]