Ран антропоцен

(Пренасочено од Раниот антропоцен)

Раната антропоценска хипотеза (понекогаш позната како „Раната антропогена“ или „Рудименова хипотеза“) е тврдење во врска со почетокот на антропоценот првпат предложена од Вилијам Рудиман во 2003 година.[1] Се претпоставува дека антропоценот, предложената геолошка епоха што се совпаѓа со најновиот период во историјата на Земјата, кога активностите на човечката раса првпат почнале да имаат значително глобално влијание врз климата и екосистемите на Земјата, датира од пред 8.000 години, предизвикана со интензивни земјоделски активности откако земјоделството станало широко распространето. Во тоа време, концентрациите на стакленички гасови во атмосферата престанале да го следат периодичниот модел на подеми и падови што точно го карактеризирало нивното минато долгорочно однесување, шема што се објаснува со природните варијации во орбитата на Земјата познати како Миланковиќеви циклуси. Предложениот датум за почеток на Рудиман наишол на критики од научниците од различните области.

Хипотеза на раниот антропоцен тврди дека антропоценот не започнал за време на европската колонизација во Америка, како што тврдат бројни научници,[2][3][4] ниту во XVIII век со појава на фабриките за горење јаглен и електраните од индустриска ера, како што првично тврдел Пол Круцен (кој го популаризирал зборот „Антропоцен“ во 2000 година), ниту во 1950-тите, како што тврди Работна група Антропоцен (програма за геолошките истражувања која работи на Антропоцен како геолошка временска единица).

Хипотеза за задоцнета глацијација

уреди

Во својата хипотеза за задоцнета глацијација, Рудиман тврди дека почетното ледено доба започнало пред неколку илјади години, но тоа планирано ледено доба било спречено со интензивно земјоделство и уништување на шумите од раните фармери кои почнале да го зголемуваат нивото на стакленички гасови пред осум илјади години.

Хипотезата за задоцнета глацијација е оспорена врз основа на тоа дека споредбата со претходниот меѓуледнички период (МИС 11, пред 400.000 години) сугерира дека мора да поминат уште 16.000 години пред да дојде крајот на тековната холоценска меѓуглацијација. Податоците од уште поранешните ледени јадра од пред 800.000 години сугерираат веројатна цикличност на интерглацијалната должина и обратна корелација со максималната температура на секој интерглацијален период, но Рудиман тврди дека ова е резултат на лажно усогласување на неодамнешните максимални инсолации со минимум на инсолација од минатото, меѓу другите неправилности кои ја поништуваат критиката. [5]

Неолитска револуција

уреди

Неолитска револуција, или земјоделска револуција, била широка демографска транзиција во неолитот. Историски може да се провери, дека многу човечки култури се смениле од ловци собирачи во земјоделци и населбите што го поддржале зголемувањето на населението.[6] Археолошки податоци покажуваат дека различните форми на припитомување на растенија и животни еволуирале на одделни локации ширум светот, почнувајќи од геолошката епоха на холоценот[7] пред околу 12.00014 C години (12.000–7.000 БП ).[8]

Критики

уреди

Групата географи, предводени од Јан Заласиевич и Вил Стефен, тврделе дека неолитската револуција не ја покажува широка еколошка промена неопходна за епохалното означување што ги покажува останатите појдовни точки, како што е ознаката на Антропоценската работна група од 1950 година.[9]

Останатите критики на хипотезата на раниот антропоцен произлегуваат од нејзината застапеност на американските индијански општества. Научникот за хуманитарни науки Елизабет Де Лофри тврди дека иако хипотезата на раниот антропоцен „трахира осумилјадна историја на уништување на шумите“, таа „никогаш не ги контекстуализира историите на човечкото насилство. Следствено, во објаснувањето на оние епохи во кои CO2 не се појавил поради значителен пад во производството на земјоделството предизвикано од смрт, [Рудиман] ја споредува чумата во средновековната Европа со десеткувањето на 90 отсто од домородните народи на Америка, нарекувајќи го едноставно како „пандемија“, а не како геноцид. Според тоа невиден пад на нивото на CO2 од 1550 до 1800 година - поради колапсот на население од повеќе од педесет милиони луѓе со причинско последична врска со колонизацијата, ропството, војната, раселувањето, задржувањето и целосното етничко чистење - се припишува на сипаници.[10]

Научниците за животна средина, исто така, тврдат дека додека Хипотезата на раниот антропоцен ги објаснува промените на земјиштето и зголемувањето на производството на стакленички гасови што произлегуваат од промената на земјоделските практики во Европа и Азија за време на неолитската револуција, таа не го зема предвид релациското земјоделство што се практикувало во Америка во истиот период. Откако ќе се изучува земјоделството на Индијанците заедно со хипотезата на раниот антропоцен, станува јасно дека таквата промена на земјиштето и емисиите на стакленички гасови се случуваат во Америка дури по европската колонизација. Така, на колонијализмот треба да се гледа како на главниот двигател на промените во животната средина одговорен за антропоценот, а не за земјоделството.[11]

Научниците, исто така, го оспориле тврдењето на Рудиман дека промената на земјиштето и емисиите на стакленички гасови предизвикани од неолитските земјоделски практики претставуваат доволно голема промена на системите за да означат нова епохална ознака.[12] Овие научници тврдат дека раниот датум за предложенит термин за антропоцен не претставува значителен човечки отпечаток на Земјата.[13][14] Други тврдат дека хипотезата за раниот антропоцен дава само површен поглед на земјоделските практики на домородните Американци пред европската колонизација, што не резултираше со иста промена на земјиште или емисии на стакленички гасови како европското и азиското земјоделство од истиот период. Тие тврдат дека ако претколонијалното земјоделство Американските староседелци се проучувало во однос на европското и азиското земјоделство од истиот период, европската колонизација на Америка ќе се гледа како почетна точка на епохата.[11][15]

Наводи

уреди
  1. Ruddiman, William F. (2003). „The anthropogenic greenhouse era began thousands of years ago“ (PDF). Climatic Change. 61 (3): 261–293. Bibcode:2003ClCh...61..261R. doi:10.1023/B:CLIM.0000004577.17928.fa. Посетено на 23 April 2023.
  2. Lewis, Simon L. (2018). Human planet : how we created the anthropocene. Mark A. Maslin. UK. ISBN 978-0-241-28088-1. OCLC 1038430807.
  3. Davis, Heather; Todd, Zoe (2017-12-20). „On the Importance of a Date, or, Decolonizing the Anthropocene“. ACME: An International Journal for Critical Geographies (англиски). 16 (4): 761–780. ISSN 1492-9732.
  4. Keeler, Kyle (2020-09-08). „Colonial Theft and Indigenous Resistance in the Kleptocene“. Edge Effects (англиски). Посетено на 2021-09-08.
  5. Ruddiman, William F. (31 October 2007). „The early anthropogenic hypothesis: Challenges and responses“ (PDF). Reviews of Geophysics. American Geophysical Union (AGU). 45 (4). Bibcode:2007RvGeo..45.4001R. doi:10.1029/2006rg000207. ISSN 8755-1209. Посетено на 23 April 2023.
  6. Jean-Pierre Bocquet-Appel (July 29, 2011). „When the World's Population Took Off: The Springboard of the Neolithic Demographic Transition“. Science. 333 (6042): 560–561. Bibcode:2011Sci...333..560B. doi:10.1126/science.1208880. PMID 21798934.
  7. „International Stratigraphic Chart“. International Commission on Stratigraphy. Архивирано од изворникот на 2013-02-12. Посетено на 2012-12-06.
  8. Graeme Barker (25 March 2009). The Agricultural Revolution in Prehistory: Why did Foragers become Farmers?. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-955995-4. Посетено на 15 August 2012.
  9. Zalasiewicz, Jan; Waters, Colin N; Head, Martin J; Poirier, Clément; Summerhayes, Colin P; Leinfelder, Reinhold; Grinevald, Jacques; Steffen, Will; Syvitski, Jaia (June 2019). „A formal Anthropocene is compatible with but distinct from its diachronous anthropogenic counterparts: a response to W.F. Ruddiman's 'three flaws in defining a formal Anthropocene'. Progress in Physical Geography: Earth and Environment (англиски). 43 (3): 319–333. Bibcode:2019PrPG...43..319Z. doi:10.1177/0309133319832607. ISSN 0309-1333. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  10. DeLoughrey, Elizabeth M. (2019). Allegories of the Anthropocene. Duke University Press. стр. 23. ISBN 978-1-4780-0410-3. OCLC 1048935653.
  11. 11,0 11,1 Keeler, Kyle (9 August 2021). „Before colonization (BC) and after decolonization (AD): The Early Anthropocene, the Biblical Fall, and relational pasts, presents, and futures“. Environment and Planning E: Nature and Space (англиски). 5 (3): 1341–1360. doi:10.1177/25148486211033087. ISSN 2514-8486.
  12. Boyle, J.F.; Gaillard, M.-J.; Kaplan, J.O.; Dearing, J.A. (2011). „Modelling prehistoric land use and carbon budgets: A critical review“. The Holocene. 21 (5): 715–722. Bibcode:2011Holoc..21..715B. doi:10.1177/0959683610386984.
  13. Certini, G.; Scalenghe, R. (2015). „Holocene as Anthropocene“. Science. 349 (6245): 246. doi:10.1126/science.349.6245.246-a. PMID 26185234. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  14. Zalasiewicz, Jan; Waters, Colin N.; Head, Martin J.; Poirier, Clément; Summerhayes, Colin P.; Leinfelder, Reinhold; и др. (June 2019). „A formal Anthropocene is compatible with but distinct from its diachronous anthropogenic counterparts: A response to W.F. Ruddiman's 'three flaws in defining a formal Anthropocene'. Progress in Physical Geography: Earth and Environment (англиски). 43 (3): 319–333. Bibcode:2019PrPG...43..319Z. doi:10.1177/0309133319832607. ISSN 0309-1333. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  15. DeLoughrey, Elizabeth M. (June 2019). Allegories of the Anthropocene. Durham: Duke University Press. ISBN 978-1-4780-0558-2. OCLC 1081380012.

Надворешни врски

уреди