Рамниште
Рамниште — пештера сместена на 15 км од Прилеп. Пештерата е создадена од карбонатни конгломерати и бречи наталожени од Пелагониското Езеро, најверојатно во четвртиот еволутивен циклус на Пелагонискиот басен. Вкупната должина на пештерските канали изнесува 110 метри, со длабочина која достигнува 22 метри. Составена е од три сали, во кои се застапени пештерски украси со претежно бела и црна боја. Особено се истакнува Невестинската Сала, која е исполнета со бели украси. Карактеристичен знак е сталагмитот „Торта“ кој се наоѓа на крајот од пештерата. Истражувана е од ПСК Златоврв од Прилеп во повеќе наврати во 2005 и 2006 година [1]. Честопати била цел на вандализам.[2]
Рамниште | |
---|---|
Отворот на пештерата Рамниште | |
Место | 15 км од Прилеп |
Длабочина | 22 м |
Должина | 110 м |
Надм. височина | 1100 м |
План | 1 и 2 |
Местоположба
уредиПештерата се наоѓа меѓу селата Крстец и Ореовец, на западната страна на планината Козјак, на 1100 метри надморска височина во влез во источна експозиција. Се состои од три галерии. Третата галерија открива еден ретко убав дел на подземната пештера исполнет со сталактити и сталагмити, кои претставуваат мошне убави фигури. Температурата на воздухот во пештерата изнесува 13ºС, а релативната влажност се движи преку 80%. Од животнскиот свет, постојат само лилјаци насобрани по сводовите во седела. Најголемата должина на еден коридор изнесува 100 метри, а длабочината е 15 – 20 метри. По постанокот е млад дилувијален облик, постанат на највисокото езерско ниво од плиоценото езеро. Таваницата е изградена исклучиво од големи заоблени и цврсто врзани езерски конгломерати. Најверојатно, овие не толку дебели езерски конгломерати врзани со раствори од Калциум бикарбонат (Ca(HCO3)2) што служела како цементно везиво за врзување на овие јасно измоделирани и заоблени камења со водите од плиоценото неоген езеро. Под нив биле наталожени неврзани езрски песоци, кои во плеистоценот, со интензивните флувиоденудациони процеси биле еродирани и преместени со вода на потокот Пештерка, со што се формирала пештерата Дуа Дупка. Оттука произлегува дека отворите се фосилни понори на потокот Пештерка.[3]
Морфолошки одлики
уредиПештерата има два влеза , од кои едниот е главен, хоризонтален во форма на трапез со димензии 1,5х1m. Овој канал се спушта кон внатрешноста со наклон од -25º. Другиот влез се наоѓа на тавнанот на првата сала, тој е вертикален со димензии 5 х 1m. Почетниот дел на пештерата е претставен се еден низок итесен канал со неколку проширувања кој се спушта под нклон од 25ºС. Дното на каналот е покриено со почвен материјал поради поројните дождови. Подесетина метри канлот се проширува во помала сала од која кон југоисток низ мал отвор се издвојува друга сала наречена невестинска. Салата е најбогата со украси во пештерата и со една нецелосна преграда е поделена на два дела. Во продолжение се наоѓа втората сала чии под е покриен со урнати карпи од таванот , блоковите имаат различна големина и паѓаат по наклон од -30º во западен правец. Втората сала се одликува со раскошна морфологија. Пештерта името го носи според просторот на кој се наоѓа, кој поради малиот наклон на теренот е наречен „Рамниште".[3]
Геолошки одлики
уредиТеренот е формиран во карбонатни конгломерати и бречи, со различна големина на фрагментите, кои во најголем дел се составени од мермерни парчиња. Според гранулометрискиот состав за конгломератите може да се заклучи дека и припаѓаат на литоралната фација формирана од Пелагониското Езеро. Покрај неспорното езерско потекло се поставува прашањето за нивната старост. Потеклото на конфломератите е неспорно езерско, со плиоценска старост, создаденои во четвртиот еволутивен циклус на Пелагонискиот басен, кога доаѓа до ширење на езерото и неговото спојување со соседните басени.[3]
Народно предание
уредиВо својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, опишувајќи го врвот Козјак, запишал дека како и сите планини со варовнички состав, Козјак е многу богат со подземни пештери и пропасти, од коишто некои се полни со вода во дното[4]. Попознати од нив се две: една на врвот (Дуова), друга по западната падина над с.Ореовец (Рамниште) при што таа се одликува по својата широчина и длабочина[4]. Околните селани ја сметаат дури и за бездна[4]. За да проверат пуштиле 10 колски ортоми надолу и пак не го допреле дното. Кога ќе фрлиш камен, тропотот му се слуша цели 10 минути[4]. Според една легенда, дното на таа пештера има врска со Солунското Море. Некој заклан ‘рт, фрлен тука, бил пронајден во солунското пристаниште кај утоката на реката Вардар[4].
Галерија
уреди-
Отворот на пештерата Рамниште
-
Отворот на пештерата Рамниште
-
Сталактити на таваницата во левата сала
-
Облици во Невестинската сала
-
Внатрешноста на пештерата
-
Облици во Невестинската сала
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Облици во Невестинската сала
-
Облици во Невестинската сала
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Вертикалниот отвор на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
„Рамниште“ на Ризницата ? |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Темовски М. (2008): Пештера Рамниште, Билтен за физичка географија, Институт за географија - ПМФ, 5, Скопје, стр.127-136
- ↑ Талеска, Моника (28 мај 2008). „Пештерата Рамниште во Прилепско цел на вандали“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2010-07-24.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Универзитет во Скопје. Географски институт, Универзитет во Скопје. Природно-математички факултет, Универзитет "Кирил и Методиј"--Скопје. Природно-математички факултет (1966). Годишен зборник: Географски институт (15-16. изд.). УКИМ.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 66. ISBN 978-608-245-113-8.
Надворешни врски
уреди- Пештерата Рамниште - неодгатната убавина[мртва врска] - весник Вечер