Рамадан Назифи

Рамадан Назифи (роден на 1 март 1962 во с. Радуша, скопско) — македонски дипломат.

Основно училиште завршил во родното село, додека средно во гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје. Дипломирал, Француски Јазик на универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје.

Познат како еден од првите и најискусните дипломати од албанска припадност во Македонија, во 1995 година започнал да работи во Македонската Амбасада во Бон до 1999 г. Од 2004-2008 работил како министер советник во амбасадата во Берлин. Амбасадор на Република Македонија во Швајцарија од 2009-2013. Од 2013 г. е директор на директоратот на Европска Унија во Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија 2018 именуван за Амбасадор во Република Германија.