Никола Карабатиќ (хрватски: Nikola Karabatić; 11 април 1984, Ниш, СФРЈ) — француски ракометар од српско и хрватско потекло кој игра за Париз Сен-Жермен и за француската репрезентација. Карабатиќ е висок 196 см, а тежок 102 кг. Тој бил избран за светски ракометар во 2007, 2014 и 2016 година[1]. Со вкупно 60 финалиња на Европските првенства, тој е и рекордер. Како репрезентативец, ги држел сите три важни светски ракометни титули во исто време двапати во својата кариера. Карабатиќ е еден од најдобрите играчи во ракометната историја и важи за најкомплетен играч во овој спорт[2][3][4][5].

Франција Никола Карабатиќ
Карабатиќ во 2015 година
Лични податоци
Роден(а) 11 април 1984(1984-04-11)(40 г.)
Ниш, СР Србија, СФРЈ
Националност Франција Французин
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001960000001,96 м
Позиција Среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Париз Сен-Жермен
Број 44
Сениорски клубови
2000–2005
2005–2009
2009–2013
2013
2013–2015
2015–
Монпење
Кил
Монпелје
Pays d'Aix
Барселона
Париз Сен-Жермен
Репрезентација
2002– Франција Франција 289 (1149)

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Карабатиќ е роден на 11 април 1984 година, во Ниш, денешна Србија. Тој има српско и хрватско потекло, зашто мајка му Радмила е србинка, а татко му Бранко (роден во Врсина[6][7][8][9] кај Трогир[10]) е хрват. Татко му бил познат југословенски ракометен голман, кој бранел за репрезентацијата на Југославија и за нишкиот клуб "Железничар" и во Ниш ја запознал својата идна сопруга, која тогаш студирала медицина. Кога Никола имал 3,5 години, неговиот татко добил договор како професионален ракометар во Франција. Веќе како 17-годишен Карабатиќ настапувал за РК Монпелје во првата француска лига и една година подоцна за француската репрезентација[11]. Со Монпелје, тој ја освои Лигата на шампионите во 2003 година и француското првенство четири пати во низа од 2002 до 2005 година.

Во 2005 година Карабатиќ се преселил во ТХВ Кил, каде се етаблирал како еден од најважните играчи во текот на својата прва сезона, поради што навивачите го избрале за играч на екипата во сезоната 2005/06. Тој ја добил наградата спортист на годината на Кил во 2006 година[12]. Во своите четири години во Кил, Карабатиќ на четири пати бил германски шампион а во 2007 година со Кил ја освоил тројната круна (Лига на шампиони, германско првенство и Германски куп). Во 2007 и 2008 година Карабатиќ бил избран за ракометар на годината во Германија.

Карабатиќ го напуштил Кил на крајот на сезоната 2008/09. Заедно со неговиот колега Вид Кавтичник, тој се вратил во неговиот стар клуб Монпелје за трансферна сума од 1,5 милиони евра[13]. Со Монпелје, тој го освоил француското првенство уште трипати (2010 до 2012 година) пред да се префрли на Пејс де Екс во февруари 2013 година, како дел од аферата за обложување[14]. Во летото 2013 година, Карабатиќ се преселил во Шпанија во ФК Барселона. Таму го освоил првенството во Шпанија и Купот на Шпанија во првата година. Во сезоната 2014/15, Карабатиќ ги одбранил сите национални титули со Барселона и исто така ја освоил Лигата на шампионите. Карабатиќ станал петтиот играч кој победил на ова натпреварување со три различни клуба. Потоа се приклучил на францускиот клуб РК Париз Сен-Жермен.

Репрезентативна кариера

уреди

Карабатиќ го одиграл својот прв меѓународен натпревар за Франција на 2 ноември 2002 година на Светскиот куп против Русија. Со репрезентацијата, тој го освоил Европското првенство 2006 година во Швајцарија[15] и завршил на четвртото место на Светското првенство во 2007 година во Германија. На Светското првенство во 2007 година, тој бил избран во тимот на Олстарт. На Европското првенство во Норвешка во 2008 година ја добил наградата најкорисен играч, а Франција завршила на третото место, освојувајќи бронзен медал. На Олимписките игри во 2008 година го освоил златниот медал. Една година подоцна, со Франција станал светски шампион на Светското првенство во Хрватска. На почетокот на 2010 година тој повторно станал европски шампион во Австрија и бил избран за најдобар среден бек на Ол-стар тимот. Француската селекција за првпат во историјата истовремено ги имала последователно освоено европските првенства од 2010 и 2012 година, светските првенства и олимписките првенства. На Светското првенство во 2011 година ја одбранил титулата со францускиот тим, а во изборот на познатиот француски весник "Екипа", бил избран за најдобар спортист на Франција за 2011 година.[16][17] Во летото 2012 година, тој повторно го освоил златниот медал на Олимписките игри во Лондон и бил реизбран во „Ол-стар тимот“. Во 2014 година тој станал европски шампион и највреден играч на турнирот кој се одржал во Данска. Во 2015 година Никола Карабатиќ станал светски шампион по третпат во Катар. На Олимписките игри во 2016 година во Рио де Жанеиро, тој го освоил сребрениот медал и бил реизбран во „Ол-стар тимот“[18]. Во 2017 година станал светски шампион во Франција по четврти пат и бил прогласен за највреден играч на турнирот по четврти пат. На следните два турнира, Европското првенство 2018 година во Хрватска и Светското првенство 2019 година во Данска и Германија, тој го освоил бронзениот медал со француската селекција. Карабатиќ има добиено девет златни медали, еден сребрен медал и пет бронзени медали со Франција на големите ракометни натпреварувања.

Осомничен во обложување

уреди

Карабатиќ бил осомничен местење натпревари, за кој се вели дека се случило во играта помеѓу неговиот клуб Монпелје и Цесон-Рен во мај 2012 година. Покрај Карабатиќ, кој бил повреден и неговиот брат Лука[19][20], за другите играчи се вели дека намерно придонеле во поразот, со цел да им овозможат на роднините да освојат големи облози до 250.000 евра[21]. Засегнатите спортисти се соочиле со три до пет години затвор за спортска корупција и измама и парични казни од 75.000 евра. По полициското сослушување во почетокот на октомври 2012 година, самиот Карабатиќ признал преку својот адвокат дека бил вклучен во обложувалниците, но не и во самата манипулација во играта[22]. Против него била покрената кривична постапка на 2 октомври. Карабатиќ подоцна бил ослободен со кауција. Бидејќи на Карабатиќ не му било дозволено да се сретне со инволвираните лица или вработени во неговиот клуб, тој веќе не бил во тимот на Монпелје од 3 октомври 2012 година[23]. На 31 октомври, Карабатиќ се вратил во составот. На 31 јануари 2013 година Карабатиќ го раскинал договорот со Монпелје[24]. Забраната од шест натпревари наметната на Никола Карабатиќ од страна на ЛНХ лигата во февруари била укината на 29 март 2013 година од страна на апелациониот суд[25]. Во јули 2015 година, тој бил казнет со парична казна од 10.000 евра од судот во Монпелје[26]. Два месечна условна казна биле додадени на жалбената расправа на 1 февруари 2017 година[27].

Приватен живот

уреди

Карабатиќ е во врска со Жералдин Пије. Неговиот помлад брат, Лука[7], исто така е ракометар и член на француската репрезентација. Во 2010 година, Карабатиќ започнал дизајнерска кариера, создавајќи ја долната облека "Суперстоун".[15]

Покрај францускиот јазик, тој зборува англиски, германски, шпански и српско-хрватски јазик[28].

Статистика

уреди
  • Податоците се однесуваат само натпреварите во домашните турнири
Сезона Екипа Лига Натпревари Tore 7 метри Голови
2001/02 РК Монпелје Француска лига 14 22 - 22
2002/03 РК Монпелје Француска лига 22 57 - 57
2003/04 РК Монпелје Француска лига 23 69 - 69
2004/05 РК Монпелје Француска лига 24 88 - 88
2005/06 ТХВ Кил Германска лига 34 226 70 156
2006/07 ТХВ Кил Германска лига 32 205 23 182
2007/08 ТХВ Кил Германска лига 30 216 29 187
2008/09 ТХВ Кил Германска лига 26 110 15 95
2009/10 РК Монпелје Француска лига 19 83 - 83
2010/11 РК Монпелје Француска лига 22 112 6 106
2011/12 РК Монпелје Француска лига 26 76 - 76
2012/13 РК Монпелје Француска лига 9 54 - 54
РК Монпелје Француска лига 13 80 - 80
2013/14 РК Барселона Шпанска лига 28 123 13 110
2014/15 РК Барселона Шпанска лига 24 99 3 96
2015/16 РК Париз Француска лига 18 77 - 77
2016/17 РК Париз Француска лига 25 98 - 98
2017/18 РК Париз Француска лига 22 80 - 80
Вкупно 411 1875 159 1716
Просечно по сезона 24,18 110,29 9,35 100,94

Извор:[29][30]

  • Податоците се однесуваат само натпреварите во европските турнири
Клуб Сезона Лига Натпревари Голови
РК Монпелје
  Франција
2000-2001 Лига на шампиони / /
2001-2002 ЕХФ Куп / /
Шампионски трофеј 2002-2003 Шампионски трофеј / 5
2002-2003 Лига на шампиони / 43
2003-2004 Лига на шампиони / 31
2004-2005 Лига на шампиони / 56
ТХВ Кил
  Германија
2005-2006 Лига на шампиони / 51
Шампионски трофеј 2006-2007 Шампионски трофеј / /
2006-2007 Лига на шампиони / 89
Шампионски трофеј 2007-2008 Шампионски трофеј / /
2007-2008 Лига на шампиони / 87
2008-2009 Лига на шампиони / 87
РК Монпелје
  Франција
2009-2010 Лига на шампиони / 63
2010-2011 Лига на шампиони / 62
2011-2012 Лига на шампиони / 56
2012-2013 Лига на шампиони / 16
РК Барселона
  Шпанија
2013-2014 Лига на шампиони / 72
2014-2015 Лига на шампиони / 75
РК Париз Сен-Жермен
  Франција
2015-2016 Лига на шампиони / 90
2016-2017 Лига на шампиони / 79
2017-2018 Лига на шампиони / 72
2018-2019 Лига на шампиони / 29
2019-2020 Лига на шампиони / 37

Карабатиќ на ЛОИ

уреди
ЛОИ Фаза Дата Натпревар Постигнати голови
Летни олимписки игри 2004 - Атина
  Грција
Група Б 16 август 2004   Франција -   Грција 29:25 6
Група Б 18 август 2004   Франција -   Унгарија 26:23 2
Група Б 20 август 2004   Франција -   Египет 22:21 2
Група Б 22 август 2004   Франција -   Германија 27:22 5
5-8 место 24 август 2004   Франција -   Шпанија 29:27 2
Четвртфинале 26 август 2004   Франција -   Грција 33:27 2
Полуфинале 27 август 2004   Франција -   Русија 24:26 1
5-6 место 28 август 2004   Франција -   Грција 33:15 2
Летни олимписки игри 2008 - Пекинг
  Кина
Група А 10 август 2008   Франција -   Бразил 34:26 5
Група А 12 август 2008   Франција -   Кина 33:19 5
Група А 14 август 2008   Франција -   Хрватска 23:19 1
Група А 18 август 2008   Франција -   Полска 30:30 8
Четвртфинале 20 август 2008   Франција -   Русија 27:24 2
Полуфинале 22 август 2008   Франција -   Хрватска 25:23 3
Финале 24 август 2004   Франција -   Исланд 28:23 8
Летни олимписки игри 2012 - Лондон
  Обединето Кралство
Група А 29 јули 2012   Франција -   Обединето Кралство 44:15 /
Група А 31 јули 2012   Франција -   Аргентина 32:20 /
Група А 2 август 2012   Франција -   Тунис 25:19 /
Група А 4 август 2012   Франција - Предлошка:Country data ICL 29:30 /
Група А 6 август 2012   Франција -   Шведска 29:26 /
Четвртфинале 8 август 2012   Франција -   Шпанија 23:22 /
Полуфинале 10 август 2008   Франција -   Хрватска 25:22 /
Финале 12 август 2004   Франција -   Шведска 22:21 /
Летни олимписки игри 2012 - Рио
  Бразил
Група А 7 август 2016   Франција -   Тунис 25:23 /
Група А 9 август 2016   Франција -   Катар 35:20 /
Група А 11 август 2016   Франција -   Аргентина 31:24 /
Група А 13 август 2016   Франција -   Хрватска 28:29 /
Група А 15 август 2016   Франција -   Данска 33:30 /
Четвртфинале 17 август 2016   Франција -   Бразил 34:27 /
Полуфинале 19 август 2016   Франција -   Германија 29:28 /
Финале 21 август 2016   Франција -   Данска 26:28 /

Достигнувања

уреди

Клупски

уреди
  • ЕХФ Лига на шампиони:
    • Победник во 2003, 2007, 2015
    • Полуфиналист во 2008, 2009 и 2017
  • Светско клупско првенство: 2013, 2014
  • Европски супер куп: 2007 година
  • Француска лига: 2002, 2003, 2004, 2005, 2010, 2011, 2012, 2016, 2017, 2018
  • Француски куп: 2001, 2002, 2003, 2005, 2010, 2012, 2018 година
  • Куп на француската лига: 2004, 2005, 2010, 2011, 2012, 2017, 2018 година
  • Француски суперкуп: 2010, 2011, 2015, 2016 година
  • Германска лига: 2006, 2007, 2008, 2009 година
  • Германски куп: 2007, 2008, 2009 година
  • Германски суперкуп: 2005, 2007, 2008 година
  • Шпанска лига: 2014, 2015 година
  • Шпански куп: 2014, 2015 година
  • Шпански суперкуп: 2013, 2014 година
  • Купот Асобал: 2013, 2014 година
  • Суперкуп на Каталонија: 2013, 2014 година
  • Лига од Пирена: 2004 година

Меѓународни

уреди

Поединечни

уреди
  • Светски играч на годината
    • Победник: 2007, 2014, 2016 година
    • Второ: 2009, 2010, 2015 година
  • Со француската репрезентација:
    • Највреден играч на Светското првенство: 2011, 2017
    • Највреден играч на Европското првенство: 2008, 2014
    • Најдобар стрелец на Европското првенство: 2008
    • Ол-стар на Олимписките игри: 2012, 2016
    • Ол стар на Светското првенство: 2009, 2015
    • Ол стар на Европското првенство: 2010
    • Ол стар лев бек на Светското првенство: 2007
    • Ол-стар лев бек на Европското првенство: 2004
    • Најдобар играч на Турнир де Франс: 2007, 2011 година
  • Со клубови:
    • лига на шампиони
      • Најдобар напаѓач: 2007 година (89 гола)
      • Тим на сите олстар ѕвезди: 2014 година
    • Франција
      • Најдобар играч на француската лига: 2010, 2013, 2017 година
      • Најдобар лев бек на француската лига: 2004, 2005 година
      • Најдобар бек на француската лига: 2010, 2016, 2017 година
      • Најдобар играч на францускиот суперкуп: 2010 година
    • Германија
      • Најдобар играч на годината во Германија: 2007, 2008 година
      • Најдобар играч на сезоната во германската лига: 2006–07, 2007–08 година
      • Најдобар лев бек во германската лига: 2006, 2007, 2008 година
      • Најдобар играч на германски игри: 2007 година
    • Најдобар играч на шпанската лига: 2014, 2015 година
  • Други
    • Спортист на Франција: 2011 година

Наводи

уреди
  1. Karabatic und Neagu zum dritten Mal Welthandballer. In: handball-world.com, abgerufen am 16. März 2017.
  2. „Die größten Handball-Stars aller Zeiten“. t-online.de. Посетено на 2018-01-11.
  3. Philipp Albrechtsberger (2018-01-14). „Nikola Karabatic: Strahlender Handball-Weltstar mit einer dunklen Seite“. kurier.at. Посетено на 2018-01-15.
  4. „Fotos: Die besten Handballer aller Zeiten“ (германски). Архивирано од изворникот на 2018-12-31. Посетено на 2018-12-30.
  5. „Die zehn besten ausländischen Handballer der Geschichte“ (германски). 2012-05-11. Посетено на 2018-12-30.
  6. SVI SMO NAVIJALI ZA NAŠU HRVATSKU , Slobodna Dalmacija, July 21, 2003
  7. 7,0 7,1 „Никола Карабатић: Желим злато у родном Нишу“. Glas Srpske. Архивирано од изворникот на 2019-05-09. Посетено на 9 May 2019.
  8. Official EHF EURO Channel (24 January 2012). „Interview with Nikola Karabatic, the Serbian born French player“. Посетено на 9 May 2019 – преку YouTube.
  9. Nikola Karabatic im Gespräch. In: faz.net
  10. Slobodna Dalmacija: Svi smo navijali za našu Hrvatsku., 21. Juli 2003
  11. Der THW Kiel zum Debüt von Karabatić
  12. Meldung über Karabatićs Wahl zum Sportler des Jahres
  13. dpa: Zäsur beim THW: Karabatic und Kavticnik gehen. Архивирано на 2 март 2017 г. In: kn-online.de, 2. Juni 2009
  14. Nikola Karabatic singé à Aix.[мртва врска] In: lnh.fr, 1. Februar 2013, abgerufen am 2. Februar 2013
  15. 15,0 15,1 Наташа Спирова, "Ракометната ѕвезда стана дизајнер на долна облека", Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 13.
  16. Daily.mk - Избран идеалниот тим на СП 2011, Карабатиќ МВП (пристапено на 2.6.2014)
  17. Буквар - Карабатич најдобар спортист на Франција (пристапено на 2.6.2014)[мртва врска]
  18. All-Star Team mit deutscher Beteiligung: Mikkel Hansen als MVP geehrt. In: handball-world.com, abgerufen am 22. August 2016
  19. „Start of French Handball Match-Fixing Trial“. Sports Integrity Initiative. 16 June 2015. Посетено на 9 May 2019.
  20. „Karabatic found guilty in match-fixing trial“. sports.yahoo.com. Архивирано од изворникот на 2020-03-15. Посетено на 9 May 2019.
  21. „Карабатиќ сепак ќе одговара за местење натпревари“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 23.
  22. Rappold, Emilio: Karabatic: "Gewettet, aber nicht betrogen". In: abendblatt.de, 1. Oktober 2012, abgerufen am 2. Oktober 2012.
  23. Strafverfahren gegen Karabatic eingeleitet. In: zeit.de, 3. Oktober 2012.
  24. Nikola Karabatic und Issam Tej gehören wieder zum Team. In: handball-world.com, 30. Oktober 2012.
  25. handball-world.com
  26. Karabatic zu Geldstrafe verurteilt. In: Sport1.de, 10. Juli 2015, abgerufen am 10. Juli 2015.
  27. Архивирано на 1 Februar 2017.
  28. Видео на YouTube
  29. „Nikola KARABATIC“. Архивирано од изворникот на 2019-01-15. Посетено на 2019-01-14.
  30. „THW Kiel: Nikola Karabatic“. Посетено на 2019-01-14.

Надворешни врски

уреди