Marijaz22
Здраво, не си морала да преведуваш за Хаос бидејќи веќе таква статија постоела на македонски јазик. Dandarmkd (разговор) 17:51, 23 февруари 2020 (CET)
Преведување
уредиЗдраво Марија. Кога ќе користиш преведување да гледаш што повеќе да преведеш. Првото што го преведуваш се нарекува инфокутија (се работи за тоа кога ќе ја објавиш статија, тоа што го гледаш горе десно) и при преводот кога ќе го префрлиш на македонската страна, да го кликнеш и тогаш да ги смениш називите. Наместо Lyon, да биде Лион, на пример.Dandarmkd (разговор) 20:33, 23 март 2020 (CET)
Евидентирање
уредиЗдраво, гледам дека те интересира за уредување и дека учествуваш на нашите теми за уредување. Што ќе учествуваш, кликни на линкот на насловот на уредувачкиот ден/уредувачкиот викенд за да се евидентираш на табелата со твоето име и статиите што ги работиш. Поздрав. Dandarmkd (разговор) 18:03, 11 април 2020 (CEST)
Уредувачки натпревари
уредиЗдраво Марија. За да се евидентираш на уредувачкиот натпревар, одиш на страницата за евидентирање (Википедија:Уредувачки натпревари/Потребни статии/евиденција), го одбираш сината врска со наслов „Направете своја страница за евиденција“, ќе ти се отвори прозорецот за уредување и таму ќе ставиш текст што ќе го копираш од Википедија:Уредувачки натпревари/Потребни статии/евиденција (трите реда со текст што се во загради {{}}). Пополни ги редовите како што ти вели упатството во Википедија:Уредувачки натпревари/Потребни статии/евиденција. И ќе го зачуваш односно објавиш текстот (синиот простор „Објави ја страницата“) Ова ти претставува статија со список на се што ќе уредуваш. Следно што правиш е да се наведеш на страницата за евидентирање и кај учесници да се пишеш како што е примерот и да го објавиш. Ако има нешто нејасно, слободно пиши. Поздрав.Dandarmkd (разговор) 18:45, 20 април 2020 (CEST)
Кампања на меѓународно ниво за вметнување на фотографии/слики во статиите на кои им недостигаат
уредиПочитуванa Marijaz22.
Сакам да ве известам за кампањата на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во википедиските статии на кои им недостигаат наречена „Статии без илустрација“ или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP). Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации, кои веќе постојат на Ризницата, и да се вметнат во соодветните статии на Википедија. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“. Кампањата трае од 1 јули од 31 август 2020 година и има награден фонд од 1.000 евра (1 награда – ваучер од вредност од 12 илјади денари и 8 награди – ваучери од вредност од 6 илјади денари).
Дополнително, може да се освои и една од меѓународните награди бидејќи учесникот паралелно учествува на домашната и меѓународната кампања. Наградниот фонд на меѓународната кампања е: прва награда ваучер од 500 долари (САД); втора награда 400 долари; трета награда 300 долари. Како дополнителни награди се: награда за учесник кој поставил најголем број звучни илустрации во статии 200 долари; награда за учесник кој поставил најголем број на видео илустрации во стати 200 долари; награда за учесник кој е нов на Википедија и поставил најголем број на илустрации во статии 200 долари.
Учесникот за да влезе во кругот на добитниците треба да закачи илустрации на најмалку 100 статии.
Страница за кампањата која претставува и прирачник како се учествува.
Доколку учествувате, среќно!
Invitation to Rejoin the Healthcare Translation Task Force
уредиYou have been a medical translators within Wikipedia. We have recently relaunched our efforts and invite you to join the new process. Let me know if you have questions. Best Doc James (talk · contribs · email) 12:34, 6 August 2023 (UTC)