Macamicka~mkwiki
Здраво, Macamicka~mkwiki, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:
- Петте столба на Википедија - принципите на проектот
- Почетен курс - централно место за учење на основните работи, се препорачува да се разгледа
- Како да уредам статија - подетален водич за уредувањето
- Помошна табела - сите поважни команди наведени накратко во една табела
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}}
пред прашањето.
Повторно, добредојде! --Brainmachinewtf? 20:44, 24 јули 2008 (UTC)
Наполеон
уредиЗдраво и добредојдовте! Ви се јавувам за Наполеон, запомнете дека неговото правилно презиме е Бонапарт, а не Бонапарта (иако честа грешка е така да се изговара името). Ако се направи транскрипција на името од француски, не се чита тоа 'а' на крајот и затоа Ве молам да не го исправате, бидејќи не е грешка :) Искрено и јас мислев дека е Бонапарта сѐ додека не ме поправија. Поздрав, Brainmachinewtf? 20:57, 24 јули 2008 (UTC)
За Вашите уредувања на Одри Хепберн
уредиЗдраво, ќе можете ли да ми објасните зошто ги направивте овие уредувања на статијата Одри Хепберн? Имено, почнавте да ги отстранувате надредните знаци на ѝ (куса заменска форма за индириктен предмет (нејзе ѝ) која се разликува од сврзникот и) и на сѐ (која се разликува од повратната куса заменска форма (себе се). Доколку не ги правите разликите помеѓу овие јазични форми, Ве молам воздржете се во иднина од вакви уредувања на страниците. Доколку имате некакви прашања во врска со правописот, упатете се кон Бирото за правопис и граматика на Википедија. Исто така, од помош може да Ви биде и статијата правопис на македонскиот јазик. Поздрав, Brainmachinewtf? 16:57, 8 август 2008 (UTC)
Би ве замолил да не правите непромислени уредувања на статијата Срби. Пред сѐ да бришете делови од статијата! Поздрав! --Филип 16:59, 9 август 2008 (UTC)
Вашите скорешни уредувања
уредиЗдраво. Во случај да не сте знаеле, кога оставате пораки на страници за разговор и други страници каде што се отворени дискусии, секогаш треба да ги потпишувате вашите пораки, со внесување на четири тилди ( ~~~~ ) на крајот од вашиот коментар. Ако не можете да внесувате тилди со вашата тастатура, кликнете на копчето за потпишување што се наоѓа над прозорецот за уредување. Тоа автоматски ќе внесе потпис со вашето име и времето на испраќање на вашата порака. Овие податоци се корисни бидејќи другите уредувачи ќе можат да видат кој што рекол, и кога. Благодарам! --Brainmachinewtf? 12:55, 19 септември 2008 (UTC)
- Уште нешто, Ве молам пишувајте исклучиво на кирилица; одбегнувајте ја латиницата и на страниците за разговор. --Brainmachinewtf? 12:56, 19 септември 2008 (UTC)
Вашата сметка ќе биде преименувана
уредиЗдраво,
Развојната екипа на Фондацијата Викимедија врши извесни измени во работењето на сметките како дел од постојаните напори да им понудиме подобри алатки на корисниците. Со овие промени ќе добиете едно исто име на сметката за сите викија, што ви овозможува да добиете нови можности и функции за подобро уредување и разговарање, а покрај тоа, ќе овозможи пофлексибилни кориснички дозволи за алатките. Еден од придружните ефекти на измените е тоа што секој корисник ќе мора да има само по една сметка, што ќе важи за сите 900 викија на Викимедија. Повеќе информации ќе најдете во соопштението.
Нажалост, вашата сметка се коси со друга, која исто така го носи името „Macamicka“. Ова ќе пречи на пристапот, и затоа мораме да се осигураме дека во иднина двајцата ќе бидете во можност да ги користите Викимедиините викија. За оваа цел, вашата сметка ќе ја преименуваме во „Macamicka~mkwiki“ во април 2015 г. Истото важи за низа други сметки.
Сметката ќе ви работи како досега, и на неа ќе се задржат сите уредувања што сте ги направиле досега. Меѓутоа, ќе мора да ја користите новата сметка (име) кога ќе се најавувате. Ако не ви се допаѓа новозададеното име, можете да побарате повторно преименување користејќи го овој образец.
Се извинуваме за непријатностите.
Ваш,
Кеган Петерцел
Врски со заедницата, Фондација Викимедија
04:43, 18 март 2015 (CET)
Направено е преименување
уредиСметкава е преименувана како дел од последниот чекор на спроведувањето на еднокорисничката најава. Доколку ја поседувате оваа сметка, можете да се најавите со претходното корисничко име и лозинка за да добиете повеќе информации. Ако не ви се допаѓа новото име на сметката и сакате да го смените, најавете се, па послужете се со образецот „Барање за преименување на обединувањето “. -- Keegan (WMF) (разговор)
22:48, 21 април 2015 (CEST)