Разговор со корисник:Ca7apult/Архива 3
|
Домени
уредиЗдраво, не знам колку си запознаен, но сега имаме нов начин на поврзување на меѓујазичните изданија, па така веќе не се додаваат врските до другите изданија во самата статија, туку тоа оди преку друг проект, односно откако ќе ја создадеш статијата, од левата страна имаш „додај врски“ на која кликаш и одбираш јазик и името на статијата и потоа автоматски таа се поврзува со сите изданија. Исто така при твоите статии за домените, ти ставаш врска со шведска статија за топдомен, што е сосема погрешна. Би било добро, ова да го поправиш. --Ehrlich91 (разговор) 15:12, 23 јануари 2014 (CET)
Географска категоризација
уредиДраго ми е што ме праша за ова. Мој совет е да се ставаат само во „Географија на Х“. Според мене, категориите со релјефни форми се непотребни и треба да е отстранат, бидејќи самата категорија за географија во себе содржи поткатегории претежно за разни релјефни форми („Планини во“, „Реки во“) и исклучок би биле практично само населените места („Градови во“, „Села во“). Да ги двоиме во посебни категории нема никаква смисла. Позрав --Б. Јанкулоски (разговор) 19:57, 27 јануари 2014 (CET)
- Слободно среди ги. Релјефни форми само нека биде општо. Сите останати во географските категории. А категориите „Релјефни форми во/на“ треба да не постојат. --Б. Јанкулоски (разговор) 20:31, 27 јануари 2014 (CET)
Одлично. Тоа беше идејата. Фала многу. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:00, 30 јануари 2014 (CET)
Имиња на прод. куќи и фирми
уредиЗасега ќе ги оставаме во оригинал додека не решиме. Посложена е работата и наскоро ќе и дојде редот. Дотогаш нека биде вака. --Б. Јанкулоски (разговор) 19:00, 24 февруари 2014 (CET)
Шаблон
уредиЗдраво, не ти ја гледам потребата шаблонот за македонската ракометна репрезентација да биде избришан и да биде заменет со шаблон наменет за Европското првенство. Имено, не ја гледам потребата да постои само еден, а тоа дека дел од играчите повеќе не играат, лесно се решава, со бришење и додавање на играчите кои моментално се дел од репрезентацијата. Поздрав
- Чим велиш дека е така подобро и чим си решен да ги правиш сите тие шаблони, слободно :) --Ehrlich91 (разговор) 15:42, 5 март 2014 (CET)
Вардар Неготино
уредиВардар (Винари Неготино), така се вика клубот сезонава или...? Dandarmkd (разговор) 17:10, 6 март 2014 (CET)
Фудбалско првенство
уредиЌе биде „Лига на шампиони“. Такви се сите случаи, бидејќи немаш лична именка во името. Исклучок се географските поими, бидејќи таму сите делови од називот се сметаат за лична именка (на пр. Осоговски Планини). Ова е чисто описна именка (како што се имиња на установи, на пр. Оксфордски универзитет и тн.) и како таква има само почетна голема буква.
Сакав да надополнам дека годините на одржување на конкретниот куп одат на крај (Лига на шампиони 2014) и тн. Веројатно ова добро го знаеш, но сакам да се осигурам да споменам кај секој што обработува вакви статии бидејќи досега имам забележувано доста такви промашувања. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 20:17, 24 март 2014 (CET)
Уредувачки маратон
уредиЗдраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:47, 30 ноември 2014 (CET)